
Македонија
Економија
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција ги презентираше ефектите и резултатите од реформата што стартуваше на почетокот на оваа година. Тој истакна дека очекувањата од реформата се реализираат, фискалната политика директно влијае на економските резултати, а последните економски остварувања покажуваат дека економијата е во одлична кондиција.
Министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска на прес-конференција рече дека бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица во првите три месеци од годинава, односно по воведување на праведниот данок.
Министерот рече дека невработеноста во првите три месеци од 2019 година е сведена на најниско ниво од спроведување на анкетата на работна сила, или 17,8 отсто што е за 1,6 отсто пониско ниво во однос на последното тримесејче од 2018 година.

Тевдовски изјави дека економските резултати се исклучително добри од почетокот на годината, а како што предвидовме со средствата од праведното оданочување се поддржува социјалната реформа, односно обезбедување фер општество и праведен раст за сите.
Иако, пред воведувањето на праведниот данок во јавноста беше изразена загриженост дека праведното оданочување ќе ја намали вработеноста, се случи сосема спротивното, односно само за едно тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица, рече министерот.
Просечната нето плата, е зголемена за 3,4 отсто и тоа е наспроти тезите дека воведувањето на праведниот данок ќе влијае на работодавачите да ги намалат платите на работниците.
Тој напомена и дека бројот на вработени во дејноста информации и комуникации исто така е зголемен.
Индустриското производство во периодот јануари-април 2019 година е повисоко за 7,9 отсто во спордба со истиот период минатата година. извозот на стоки и услуги во периодот јануари-април 2019 година е повисок за 15 отсто во споредба со истиот период минатата година., рече министерот додавајќи дека ова е спротивно на некои мислења дека прогресивното оданочување ќе му наштети бизнисот.
Од неделата започна исплатата на зголемената социјална помош согласно правата предвидени со новата социјална реформа. Над 25.000 домаќинства добија гарантиран минимален приход, што за поголемиот дел од нив значи надоместок зголемен за 100 отсто, заклучи министерот за финансии Драган Тевдовски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.