На денешната собраниска седница, на која се дебатира за предлозите за новите министри во Владата, премиерот Зоран Заев изјави дека новите министри ќе донесат нова победа на следните избори.
На дебатата од опозициската партија истакнаа дека предложените министри не влеваат надеж дека ќе бидат подобри од оние кои се сменети. Опозицијата вели дека всушност министрите кои најдобро ја вршеле работата според народот се сменети.
На прашањето упатено до премиерот Зоран Заев, од страна на Илија Димовски за тоа дали министерот за финансии Драган Тевдовски е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар, премиерот со одговори негативно и посочи дека сега веќе поранешниот министер за финансии Тевдовски секогаш бил „за“ изградба на нов Клинички центар.
Димовски од премиерот Заев исто така побара и гаранција дека новите министри ќе бидат подобри отколку оние до сега.
Која е гаранцијата дека новите луѓе ќе бидат подобри од досегашните? Гаранцијата е кога ќе победиме на следните избори, рече Заев, одговарајќи на прашањето на Димовски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.