Прогресивното даночење се применува од почетокот на годинава. Бизнис коморите долго алармираа дека не е соодветно време за ваква промена во даночната политика. Но, како што велат, власта не ги послушала нивните барања. Тие ги повикаа надлежните институции да проверат колку физички лица отвориле сметки во соседните држави, каде го селат капиталот поради пониските даноци.

Објавил: Весна Петровска | 1 ноември, 2019 19:33

Тевдовски: Пред да гласаат пратенциите на СДСМ да помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Повлекувањето на прогресивното даночење би значело бришење на социјалдемократската кауза на партијата, порача поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски. Кратко откако Владата објави дека ќе ја одложи примената на прогресивниот данок до 2023 година, Тевдовски, министерот кој всушност го воведе даночењето со прогресија, на својот Фејсбук профил напиша:

“Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ.
Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ.”

Од најголемата опозициска партија обвинуваат дека поради аматеризмот на власта штета трпат сите актери во општеството, како граѓаните и фирмите, така и државата бидејќи наплатата на данокот на добивка била за 50% помала. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека“Потребно е целосно укинување на прогресивниот данок и враќање на рамниот данок, а не негово времено запирање.”

“Денеска слушам Владата го стопирала спроведувањето на Законот за прогресивен данок. Таква една смејурија направивте со тој закон, толку солзи се пролеаја во ова Собрание, па не само Премиерот, не само тогашниот Министер за финансии, па потпретседателите на Владата, па колку од вас тука дискутираа дека тоа е најдоброто решение… Денеска свирите рачна и се повлекувате назад заради тоа што аргументите кои што ви ги кажавме за прогресивниот данок станаа видливи со првите статистички податоци”, изјави Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Прогресивното даночење се применува од почетокот на годинава. Бизнис коморите долго алармираа дека не е соодветно време за ваква промена во даночната политика. Но, како што велат, власта не ги послушала нивните барања. Тие ги повикаа надлежните институции да проверат колку физички лица отвориле сметки во соседните држави, каде го селат капиталот поради пониските даноци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од МВР и официјално ја потврдија информацијата. Оттаму велат дека денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Пронајдено телото на удавеното 16 годишно момче во Претор

По два дена трагање по телото на момчето кое трагично загина на 2-ри август во Претор,...

Станува збор за 23-годишната студентка Артина Ќазими од гостиварски Добри Дол кандидатка на Алијанса за Албанците и Алтернатива на листа во изборна единица 6.

Студентката Артина Ќазими е најмладата пратеничка во македонското собрание!

На денешната конститутивна седница, со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан, ниту...

За претседател на Комисијата на предлог на Џафери беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафие Садики Шакини.

Верифицирани мандатите на новите пратеници- Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

На денешната конститутивна седница во Собранието, присуствуваа 117 од вкупно 120пратеници,...

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости”.

Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата

Денеска Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации рече дека оваа...