Министерот изјави дека Владата ги поддржува фирмите, што придонесува за поттикнување на инвестициите и отворање на нови работни места во Република Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 24 февруари, 2019 16:45

Тевдовски: „Честитам, во Македонија невработеноста е на најниско ниво„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерот за финансии, Драган Тевдовски пред граѓаните на Битола, во рамки на трибината „Фер општество – Шанса за сите“, денска зборуваше за економските успеси кој ги реализирала владата во овој период.

Министерот за финансии Тевдовски денеска на трибината во Битола, изјави дека до сега вработеноста во Македонија ,е на најниско ниво или 20,8 проценти во изминатата 2018 година.

Тој рече дека во последните две години се вработени 28.338 лица а во Битола се отворени нови 3000 работни места. Наведе дека оваа година во буџетот се предвидени да се потрошат рекордни средства, за активни мерки за вработување. Ќе се издвојат 1,1 милијарда денари, што е за 10 проценти во однос на годинава.

Тој рече дека со постанувањето на член на НАТО, ќе се поттикнат инвестициите и економскиот раст, а тоа ќе влијае и на намалување на невработеноста во земјава.

Министерот изјави дека Владата ги поддржува фирмите, што придонесува за поттикнување на инвестициите и отворање на нови работни места во Република Македонија.

„НАТО членството ги охрабрува странските, но и домашните инвестиции. Зголемената стабилност, ја прави земјата поатрактивна за инвеститорите. Пример се нашите соседи Албанија и Бугарија, каде странските инвестиции неколкукратно пораснаа по влезот во НАТО, но и другите членки. Новите инвестиции значат поголем економски раст, поголем извоз и отворање на нови работни места, рече министерот за економија, на трибината во Битола.

„Во 2018 година реализиран е поврат на ДДВ 375,6 милиони евра, или за 19% повеќе во однос на претходната година. Повратот се одвива брзо и неселективно, што влијае на нормално функционирање на фирмите, но и поттикнување на нивната инвестициска активност“,

Ќе преземаат и бројни мерки за подобрување на бизнис климата што се гледа преку најмногу спроведени препораки на ЕУ програмата за економски реформи од земјите во регионот, како и подобрување на рангот на Doing business на 10 место во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

„Од идната недела 324.000 пензионери ќе земат пензии повисоки за 722 денари. Зголемувањето го правиме откако го стабилизиравме пензискиот систем со пензиската реформа и за една година успеавме да го намалиме дефицитот за над 3,7 милијарди денари.

Царовска: Од понеделник зголемување на пензиите за 722 денари – Фондот е во добра кондиција

Заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија Мила Царовска, директорот...