Според него, пандемијата на коронавирусот е тест со кој светот сè уште не се справил.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 10:48

ТЕДРОС: МОЖНА Е ПОЈАВА НА ПООПАСНА ВАРИЈАНТА КОРОНАВИРУС ОД ДЕЛТА

Фото/Текст извор: ©24.мк/магазин.мк

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта.

Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос.

Според него, пандемијата на коронавирусот е тест со кој светот сè уште не се справил.

Често ме прашуваат: кога ќе заврши пандемијата. Навистина, вирусот и пандемијата не ставија пред многу прашања. Пандемијата е тест и светот не се справува со тоа, рече Гебрејесус, додавајќи дека до крајот на Олимписките игри во Токио, на 8 август, се проценува дека во светот од коронавирус може да починат повеќе од 100.000 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Бугарскиот претседател Румен Радев тогаш со декрет назначи привремена влада на чело со Стефан Јанев и ги закажа денешните избори!

Бугарија денеска гласа на парламентарни избори: Ќе добие ли политичка влада?

Скопје очекува дека по денешните парламентарни избори Софија ќе добие политичка влада...

За државите од каде нема податоци или недоследност во податоците, официјалните ќе се добиваат преку податоците објавени на веб-страниците на националните здравствени власти.

Од денеска Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата

Од денеска Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата! Од денеска,...

Австралискиот кризен штаб ќе одржи денеска итен состанок поради ширењето на многу заразниот, делта сој на коронавирусот во земјата.

Австралија се бори со нов бран на пандемијата, Сиднеј повторно затворен

Австралија се бори со неколку групи на инфекции со делта коронавирус, кој е позаразен,...