Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија. Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа, а Иродијада го избоде со игла Јовановиот јазик, а главата му ја закопа на некое нечисто место.

Објавил: Весна Петровска | 11 септември, 2019 8:53

ТЕЖОК ДЕН: Денеска е Отсечение на главата на Св Јован Крстител

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Денеска е тежок ден и строг пост, православните верници денеска го чествуваат празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител .

Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господа Исуса, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител.

Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но, бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, кој сè уште беше жив.

Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод го фрли во затвор. За време на еден пир во неговиот дом во Севастија Галилејска пред гостите играше Салома, ќерката на Филип и Иродијада. И пијан и занесен од таа игра, Ирод ѝ вети на танчерката дека ќе ѝ даде се што ќе посака, па дури и кога би побарала половина од неговото царство. Наговорена од мајка ѝ, Салома ја побара главата на Свети Јован Крстител.

Верниците го празнуваат отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител.

Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија. Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа, а Иродијада го избоде со игла Јовановиот јазик, а главата му ја закопа на некое нечисто место.

Што стана понатаму со главата на Светиот Предвесник опишано е под 08. март. Но, набрзо оваа група злосторници ги постигна Божја казна. За да ја измие честа на својата ќерка, кнезот Арета удри со војска на Ирод и го порази до темел. Поразен, Ирод беше осуден од кесарот Калигула на прогонство, најнапред во Галија, а потоа во Шпанија. Како прогонети, Ирод и Иродијада живееја во беда и понижувања, додека земјата не се отвори и не ги проголта. Салома загина со зла смрт на реката Сикорис (Сула). Смртта на Свети Јован се случи пред Пасха, а празнувањето на 11. септември е востановено затоа што тој ден е осветена црквата што на неговиот гроб ја подигнаа во Севастија Светиот цар Конастантин и неговата мајка, Светата царица Елена. Во таа црква се положени моштите на Јовановите ученици: Елисеј и Авдиј.

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Аеросолите се ослободуваат дури и кога едно лице без симптоми издишува, разговара или пее, според д-р Мар и повеќе од 200 други експерти, кои ги наведоа доказите во отворено писмо до Светската здравствена организација“.

Д-р Даниловски: Вирусот се пренесува и преку воздух – вака да се заштитите од вирус што лебди

Истакнатиот епидемиолог проф. Д-р Драган Данаиловски на својот Фејсбук профил се огласи...

Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.

Симулација на безбедно гласање во пресрет на изборите на 15 јули

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска присуствуваше на симулацијата на гласачкиот...

На тоа Тачи вели дека всушност неговата изјава била извртена, односно суштината на неговата изјава била дека всушност Али Ахмети кој важи за политичар кој е подготвен на тенции, би можел да предизвика и војна доколку во Собранието нема Албански пратеници.

Тачи: Погрешно сум интерпретиран, не реков дека ќе има војна доколку нема Албанци во новата Влада

Во интервју на „Слободен печат“, лидерот на ДПА, Мендух Тачи,  ја објаснува изјавата...

Инаку денеска Комисијата за заразни болести на состанок утрово донела одлука од утре за влез во земјава да биде задолжителен ПЦР тест. Одлуката на Комисијата ја објави и министерот за здравство на фејсбук.

Филипче: Нема потреба од враќање на полицискиот час!

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека...