Пратеници кои денес на 9 Јануари 2019 ќе кренат раце да гласаат за уставните промени ја фалсификуваат историјата и дека тоа не е само неморален чин, туку со тоа вршат и низа кривични дела.

Објавил: Македонка Димкин | 9 јануари, 2019 12:23

ТЕЖОК ФАЛСИФИКАТ: Повеќе од милион „гласале„ за Северна Македонија ќе стои во преамбулата!

Фото/Текст извор: ©Alfa.mk / Magazin

Професорката од правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, Гордана Силјановска,  во програмата Отворено на Алфа телевизија потенцираше дека оние пратеници кои денес на 9 Јануари 2019  ќе кренат раце да гласаат за уставните промени ја фалсификуваат историјата и дека тоа не е само неморален чин, туку со тоа вршат и низа кривични дела.

Професорката вели дека политиката е надвор од границите на правото, и дека процедурата е гаранција за демократијата, па отоворено го прашува премиерот Заев во која постапка тоа, тој, преговара за нови амандмани?


» Стриктно се знае дека амандмани се поднесуваат во постапка по предлог Законот, тоа значи на 9 Јануари . Но кај нас се е надвор од процедурата. Ако го споредите првиот текст на Предлогот за отворање на Уставот, кој што беше испратен во Собранието ќе видите дека воопшто не кореспондира со Нацртот. Ако ние ги учиме студентите дека Уставот е над законите и ако сакаме да имаме правна држава тогаш Уставот е најважната рамка за политиката, но во Македонија тоа не важи.“, вели професорката.


Таа ги потврди и последиците кои ќе произлезат од самото спроведувањето на таканаречениот Преспански договор.

» Далеку од умот е дека на 8 септември повеќе од милион луѓе гласале за Северна Македонија, тоа го пишува во Преамбулата. Постои огромна контрадикција меѓу Преамбулата и членот 36, бидејќи во Преамбулата исто така се почнува со историската меморија, а меморијата е душата на Уставот. “, вели пак Гоце Цветаноски

Професорката во интервјуто на ТВ Алфа вели  дека само поради три провинции во Грција кои се појавиле за прв пат на географската карта во 1987 година како региони, не како територијални единици, сега можат како сакаат и кога сакаат да го користат називот Македонија. А ние кои барем 74 години живееме во Република Македонија, повикувајќи се на правото на самоопределување мораме да внимаваме дека придавката „Македонија“ не смееме да ја користиме ни пред државните институции, кога во придавката е суштината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...