Ударот бил фатален за Јованче Лазаревски кој управувал со Реното и четворицата патници, две жени и двајца мажи.

Објавил: Валерија Петрова | 15 мај, 2019 18:16

Телата на улица покриени со чаршави – очевидец раскажува за страшната сообраќајна несреќа

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Веста за трагичната сообраќајка во скопската населба Драчево одекна како бомба на социјалните мрежи и медиуми.

Во сообраќајката загинаа 5 лица на возраст од 37 до 54 години.

Ударот бил фатален за Јованче Лазаревски кој управувал со Реното и четворицата патници, две жени и двајца мажи.

Зад воланот во камионот се наоѓал 44 годишниот М.Ј кој по несреќата бил пренесен на лекување во градската болница, Св. Наум Охридски.

Лекарите Кај него констатирале тешки повреди на главата и градниот кош. По укажаната помош, ноќта ја минал во болница за дополнителни испитувања, денеска е пуштен на домашно лекување.

Жител на Драчево раскажува за страшната глетка која ја затекнал идејќи си накај дома.

– Кога стигнав овде, синоќа патот беше блокиран, имаше многу полициски возила, страшна беше сликата. Загинатите веќе беа починати и покриени со чаршави“, изјави скопјанецот за А1он

Тој изјави дека брзото возење е причината за големата трагедија која однесе 5 животи.

– Кон Драчево се вози многу брзо, ретко кој почитува сообраќајни знаци, никој не врзува појас.Овде спас е на секои 50 метри да има полиција, за да не ни се случуваат вакви работи“, рече тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Несреќата се случила околу 16 часот, кога детето заедно со своите другарчиња влегло да се капи во еден од вировите длабок околу 3,5 метри. Притоа го повлекла водата и пропаднало.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Се удави 15 годишно момче во реката Пчиња!

Петнаесетгодишно момче од кумановското село Љубодраг попладнево се удави во реката...

Денеска кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје по убиството на Никола Христовски, посвети статус со кој се простува од својот кошаркар. Нивниот статус ви го пренесуваме во целост.

Убиеното момче во Ново Лисиче било кошаркар на МЗТ- другарите од тимот се простуваат од него

17 годишното момче кое синоќа почина по убодните рани од нож, во паркот на Музиката во...

Немилиот настан се случил неколку минути после полноќ. Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош. Но, поради обилното крвавење, тоа за жал починало. Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола.

Трагедија во Ново Лисиче: Синоќа со нож било убиено 17- годишно момче

Трагедија се случи синоќа во скопската населба Ново Лисиче во Паркот на музиката. 17...