
Живот
Рецепти
Телешката чорба е одличен лек за мамурлук, но и за да ве згрее во студените денови!
Чорба е јадење кое често се среќава во балканската, македонската, бугарската, грчката, турската и источноевропската кујна. Се приготвува од добро сварено и ситно исечкано телешко или јагнешко шкембе.

Состојки :
500гр телешко месо
4 до 5 телешки коски
1 кромид
2 моркови
2 компири
1 Корен целер
2 лажици брашно
200мл павлака
1 жолчка
Кромидот ситно се сецка и се потпржува. Месото ситно се сецка и заедно со коските се ставаат во тенџерето каде сто се пржел кромидот. Се налева вода колку да се покријат и се оставаат да се динстаат на тивко околу 1 час.После 1 час коските се вадаат од тенџерето и во него се додава ситно исецканиот зеленчук и 2Л вода.
Се насолува и побиберува. Се прави запршка од 2 лажици брашно, се истура во чорбата и се заедно се остава да се вари на тивко уште 30мин.
Откако ќе се тргни тенџерето од оган во чорбата се додава каша од павлаката, жолчката и ситно сецкан магдонос.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.