Пред два дена на затворена седница на Валада речиси без забелешки го прифатила предлогот на МНР Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси – Тотова

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 февруари, 2022 16:17

Телма дознава: Владата на затворена седница го повлекла предлогот Ејупи да биде генерален конзул во САД

Фото/Текст извор: ©телма/магазин.мк

Предлогот 28-годишната презентерка, Бесмира Ејупи, да биде нов генерален конзул во Њујорк, САД е повлечен, дознава Телма. На денешна затворена седница на владата предлогот Ејупи да ја претставува земјава како генерален конзул во САД е повлечен.

Пред два дена на затворена седница на Валада речиси без забелешки го прифатила предлогот на МНР Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси – Тотова.

Информацијата предизвика реакција во јавноста со оглед дека Законот за надворешни работи предвидува доколку ако кандидатот за генерален конзул не доаѓа од составот на професионалните дипломатски редови во МНР, треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи.

Ејупи во совојата биографија како работно искуство има наведено дека работела како презентерка во четири телевизии.

МНР денеска реагираше на објавените информации околу назначувањето од страна на владата на Ејупи, наведувајќи дека биле објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

Во реакцијата директно не се споменува назначувањето на Ејупи, туку дека земјава во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во реакцијата се наведува дека моментов Панев е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...