Во текот на следната недела температуритет ќе бележат тенденција на понатамошен пораст па истите во централните и во југоисточните предели се очекува да се искачат до околу 40 степени.

Објавил: Сара Фемина | 8 јуни, 2019 10:56

ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО МАКЕДОНИЈА: Наредната недела и до 40 степени!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во текот на наредната недела, температурен шок во Република Македонија.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и во текот на следните денови времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена облачност додека денес доцна попладне и навечер како и утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Викендов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени денес и од 25 до 33 степени утре. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Во текот на следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст па така истите во централните и во југоисточните предели се очекува да се искачат до околу 40 степени.

Сепак поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите има услови да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на водел талог, силни електтрични празнења, силен ветер и појава на град па токму поради ова, односвно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде од 10 до 11 па поради ова доколку излегувате во најтоплиот дел од денот ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце и да се внесува поголемо количество на течности.

Сепак и покрај локалната дестабилизација на времето продолжува вистинското лето кое што неодамна започна па така лубителите на плажирањето конечно ќе си дојдат на своето.
Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во најавата стои дека денеска ќе имаме сончево и многу топло попладне, а подоцна во текот на денот и ноќта се очекува наоблачување со на места со пороен дожд и грмежи.

По пеколното време следува драстична промена – подгответе се!

По екстремниот период на високи температури во нашата земја денеска не очекува мало...

Во ваква ситуација граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимаваат каде ги оставаат своите автомобили односно истите да не бидат во близина на дрвјата.

ШОКАНТНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Утре големо НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд и грмежи!

Утре доцна попладне и во вечерните часови нашата територија ќе биде под влијание на...