
Свет
Инциденти
Најмалку 90 борци се убиени во судири меѓу сириските сили и терористичката група Исламска држава на северот на земјата во последната недела, објави денеска опозициската Сириска опсерваторија за човекови права.
Како што прецизираше невладината организација, од почетокот на октомври 41 припадник на сириските сили и 49 џихадисти се убиени во пустинскиот дел, на границите на провинциите Рака, Алепо и Хама.
Најмалку 23 борци, 10 прорежимски и 13 џихадисти беа убиени во изминатите 24 часа, додаде Опсерваторијата.
Според Опсерваторијата, сириската и руската авијација ги бомбардирале позициите на Исламската држава во таа зона. Русија воено му помага на режимот на Башар ал Асад од 2015 година.
Од поразот во Сирија во март 2019 година, Исламската држава редовно извршуваше напади, особено во пустината што се протега од провинцијата Хомс до Деир Езор на истокот на земјата.
Цели на нападот се сириската армија и нејзините сојузници, како и курдските сили кои имаат поддршка од САД во борбата против Исламската држава.
Повеќе од 380 000 лица се убиени и милиони раселени во војната во Сирија од март 2011 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.