Во моментот додека се наоѓале во полициска станица непознат сторител фрлил бомба врз автомобилот на Бошков, при што целосно го уништил и запалил.

Објавил: Сара Фемина | 29 декември, 2019 15:18

Терористички акт во Кавадарци: Фрлена бомба врз автомобилот на претседателот на ОК ТМРО, Здравко Бошков

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз автомобилот на Здравко Бошков, а полиција воопшто не не реагирала на настанот, напиша на социјалните мрежи претседателот на ТМРО, Александар Шехтански.

На профилот на претседателот на политичката партија ТМРО, Ванчо Шехтански, осамна статус во кои се вели дека вчера во Кавадарци, заради фб статус против градоначалникот Мито Јанчев, приведен е претседателот на ОК ТМРО во Кавадарци, Здравко Бошков.

Целосно уништениот автомобил на претседателот на ОК ТМРО во Кавадарци, Здравко Бошков.

Во моментот додека се наоѓале во полициска станица непознат сторител фрлил бомба врз автомобилот на Бошков, при што целосно го уништил и запалил.

Ова се слики од синоќешниот терористички акт во Кавадарци, кога пред семејната куќа со загрозување на животот на семејството со бомба беше запалено возилото на првиот човек на Тмро во овој град.

Наместо нарачателот, во станица заврши жртвата, но најсимптоматично е што полициските инспектори несмеат да реагираат ,дури ни по ваков јавен терористички акт, зошто нарачателот е локален моќник, напиша Шехтански.

Ванчо Шехтански е македонски политичар и претседател на ТМРО, македонска политичка партија со десна ориентација. По занимање е адвокат.

Познат е како правен застапник на семејствата на 12 киднапирани Македонци од Тетовско за време на воениот конфликт во 2001 година, за што тој побара апсење и кривична пријава за претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во 2009 година е назначен за прв директор на Агенцијата за управување со одземен имот, а од септември 2010 е директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади.

Филипче: Најостро го осудувам нападот на лекарот, нема оправдување за насилство

Лекар кој бил дежурен на Клиниката за  токсикологија вчера попладне бил нападнат...

Лекарскиот тим ја следи состојбата и се консултиураат, за да утврдат дали има потреба од оперативни зафати.

ПОЗНАТА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСОЈБА НА ПАЛЕВСКИ: Две маскирани лица со шипки брутално го тепале до смрт!

Претепаниот Љупчо Палевски – Палчо од непознати лица пред неговата куќа има неколку...

Неофицијално тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители!

Љyпчo Пaлeвcки вo критична соcтоjбa, се бори за живот: Брутално претепан со шипки!

Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево беше брутално нападнат...