Aвтомобил удри во автобуска станица во Германија, загина една жена, неколкумина се повредени

Објавил: Македонка Димкин | 21 декември, 2018 11:00

Терористички напад во Германија- Или обид за самоубиство?

Фото/Текст извор: ©т-онлине.де

Откако еден автомобил удрил во автобуска станица во Германија, загина една жена, а неколкумина се повредени.

Една жена го загуби животот, а девет други лица беа повредени откако автомобил удри во автобуска станица во западниот германски град Recklinghausen , објавија германските медиуми повикувајќи се на извори од полицијата.

Според „Ројтерс“ полицијата која веднаш по несреќата излегла на терен ја испитува причината за несреќата.

Во Германија по низата терористички напади на сила повисоко ниво на безбедност. Но засега не е познато дали овој случај е поврзан со тероризам.

32 годишниот возач кој беше во возилото е исто така тешко повреден и моментално се наоѓа во болница. Другите повредени се на возраст помеѓу 17 и 67 години. После првите испитувања на истражителите човекот се движел спрема центарот на градот и првите информации зборуваат дека било обид за самоубиство  коешто доправа ќе се испитува, вака изјави потпаролката на полицијата. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...