Официјалните лица веруваат дека експлозијата која се случи утрово во центарот на Нешвил била намерно предизвикана, изјави портпаролот на метро Нешвил.
На кратка прес-конференција, портпаролот на Дон Арон изјави дека единицата за експлозиви се упатила кон центарот на градот поради повик за сомнително возило, кога експлозијата се случила околу 6:30 часот наутро.
Веруваме дека експлозијата е предизвикана намерно – рече Арон.
Три лица се пренесени во болницата од местото на настанот, но ниту едно не е во критична состојба, изјави портпаролот на противпожарната служба Џозеф Плесант.
Инцидентот е под истрага на неколку агенции, и локални и федерални, вклучувајќи ги ФБИ и АТФ, рече Арон.
Очевидецот Бак МекКој за медиумите изјави дека експлозијата се случила пред неговата куќа, како резултат на што му биле скршени сите прозорци.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.