Првата експлозија се случила во внатрешниот дел од катедралата, а втората експлозија се случила на паркингот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јануари, 2019 13:22

Терористички напад на Филипини, 77 повредени и 27 загинати луѓе

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

27 луѓе загинаа, а 77 се ранети во две експлозии при напад на катедрала во провинцијата Сулу, на југот на Филипините.

Првата експлозија се случила во внатрешниот дел од катедралата, а втората експлозија се случила на паркингот.

Филипинската полиција соопшти дека во нападот се користени две импровизирани експлозивни направи. Досега никоја нема одговорен за нападот, но се претпоставува дека терористичкиот напад е поврзан со референдумот во автономната област Бангсаморо, во која најмногу живеат муслимани.

За филипинската полиција се работи за терористички напад, бидејќи ваков настан може да изведе само организирана група, но засега сеуште не е ништо официјално. Војската во овој дел на Филипините тврди дека овај чин е дело на терористичката организација Абу Сајаф, бидејќи тие и претходно често се заканувале со напади.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...