Ангелов беше осуден на четири години затвор од Основниот суд Скопје еден.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 октомври, 2020 8:19

„ТЕРОРИСТОТ“ ЈА ОДЛЕЖА КАЗНАТА: Од затвор излегува чичко Панче што ја искуба Шекеринска

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако си ја одлежа казната денеска од затвор излегува Панче Ангелов, еден од првите македонски патриоти што како „терористи“ беа осудени од власта на СДСМ за настаните на 27 април во македонското Собрание, објави порталот Брегалнички.

Ангелов беше осуден на четири години затвор од Основниот суд Скопје еден.

Тој достоинствено ја призна вината за своето дело.

Како што е познато осуден беше за кубење за коса на тогашната пратеничка, потоа вицепремиерка и сега министерка за одбрана Радмила Шекеринска!

Упад во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“) беше инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднале во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија.

И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница освен Русија.

Два дена по настанот, полицијата привела неколкумина учесници во нападот на Собранието.

Помеѓу напаѓачите имало вработени во полицијата и армијата, како и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести