Од МЗ информираа дека пожарот е изгаснат и дека дел од повредените се пренесуваат во Скопје.

Објавил: Перо Милчин | 9 септември, 2021 5:38

Тетово завиено во црно, се бројат мртви

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пожарот е изгаснат, а точниот број на лица што го загубиле животот, на повредени и нивната состојба се утврдува моментно, информираа од МЗ!

Има жртви во пожарот во тетовскиот ковид-центар, потврдија од Министерството за здравство, од каде што информираат дека моментно се утврдува точниот број на лица што го загубиле животот, на повредените и нивната состојба.

Од МЗ информираа дека пожарот е изгаснат и дека дел од повредените се пренесуваат во Скопје.

„Министерството за здравство информира дека вечерва страотна несреќа се случи во Тетово, каде што има и жртви во пожарот кој го зафати ковид-центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Министерот за здравство д-р Венко Филипче е во Тетово.

По завршениот увид ќе ја информираме јавноста за фактичката состојба“, соопштија од Министерството за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...