Македонија
Вести
Утрово во 08:00 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничката болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена В.М.(49) од Тетово со повреди од остар предмет во пределот на градите, вратот, грбот и дланките.
Поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и била задржана на понатамошно лекување. По кратко време во полициска станица дошло лицето Б.А.(49) и пријавило дека во семејната куќа со нож ја избодел В.М. со која заедно вонбрачно живееле.
Лицето е задржано, известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.