Грешките биле мали и требало да се санираат во рок од пет дена.

Објавил: Перо Милчин | 9 септември, 2021 7:09

Тетовската модуларна болница имала проблеми уште при отворањето

Фото/Текст извор: ©dw

 

Наводни грешки при изградбата на модуларната болница и оштетување на системот за централен довод на кислород.

Од 15 април годинава, кога беше пуштена во употреба, до катастрофалниот пожар на 8 септември, кој однесе човечки животи, ковид-центарот во тетовската болница на двапати се најде во фокусот на јавноста. 

Најпрво, на денот на отворањето на модуларната болница, економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми информираше дека се утврдени грешки при изградбата. Тој тогаш побара од фирмата изведувач да ги отстрани пропустите, иако претходниот ден имало примопредавање на објектот од страна на фирмата изведувач, Министерството за здравство и Клиничката болница. 

Наводни грешки при изградбата на модуларната болница и оштетување на системот за централен довод на кислород.

Грешките биле мали и требало да се санираат во рок од пет дена. 

Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба“, изјави Етеми пред неполни пет месеци. 

Во модуларната болница беа обезбедени места за 35 пациенти.
Во моментот на трагедијата во средата, во неа биле сместени вкупно 24 пациенти.

Пресечени цевки 

Следниот инцидент се случи на 23 август, а беше пријавен од вработените во тетовската болница кои увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите. За среќа, тогаш немаше последици по пациентите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургентно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид-одделенијата одело непречено преку главната цевка. 

„Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти“, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клиничката болница. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Во Европската комисија Маричиќ одржал работен состанок и со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на кој му ги претставил реформите што во моментот ги прави Владата во однос на владеењето на правото.

Бугарија најави вето, Македонија очекува разговори

Министерот Бујар Османи најави дека во декември активно ќе се бараат решенија за спорот...

Како што објаснуваат од Министерството за Фокус, компанијата имала лиценца како правно лице, врз основа на која обезбедила и таканаречен извод од лиценца за неколку автобуси, но, истакнуваат од таму, друштвото немало ваков извод од лиценца за автобусот кој изгоре во Бугарија!

Кобниот автобус требало да го контролираат и Царината и Инспекторатот

„Беса Транс“ имала лиценца како правно лице и извод од лиценца за неколку автобуси,...

Солиден резултат имаше Левица која собра над 50.000 гласови а коалицијата на ЛДП и ДОМ дебитираше на избори со близу 25.000 гласови.

Анализа: Колкава е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на првиот круг од локалните избори?

Нешто помалку од 50.000 гласа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во збирот на гласовите...

Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

Во кафеана на маса може да седат колку сакаат гости – се укинува ограничувањето

Владата на Република Македонија на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно...