Пожарникарите од Тетово ги бараат со Закон определените права, бараат и средба со градоначалничката Арифи, додека од општината ги обвинуваат за политички синдикализам

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 10:31

Тетовските пожарникари сметаат дека општината им крати плати

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Тетовските пожарникари на прес конференција се пожалија на крајно лошите услови во коишто работат поголг период.

Велат дека имаат дотраена опрема и лоша опрема за лична заштита, а, згора на тоа, општината им крати од платите и не им ги исплаќа во целост дотациите што им следуваат.

Од јули досега имавме три неуспешни обиди да оствариме средба со градоначалничката, на кои сакавме да ја запознаеме со проблемите со кои секојдневно се среќаваат тетовските пожарникари. Тоа што најмногу загрижува е што нова заштитна опрема за гаснење пожар немаме добиено уште од 1999 година. Она што сме го добиле во меѓувреме беа донации од странство. Што се однесува до личната работна опрема, таква немаме добиено веќе седум години. – изјави Сашо Вишевски, претседателот на синдикалната подружница пожарна Тетово на Независниот синдикат на јавна администрацијата.

Покрај лошата опременост, тетовските пожарникари се жалат дека добиваат многу помали надоместоци, за разлика од нивните колеги од другите градови.

Иако со закон е одредено дека работа на државен празник се наплаќа со 150%, ние добиваме само 42%. За работа во викенд ние добиваме 29%, а треба да биде 40%, а иста е состојбата и со ноќната работа. Секаде на ниво на Македонија законот се почитува, па дури и во тетовското јавно комунално претпријатие, само за нас пожарникарите тоа не важи. И сега се поставува прашањето, што може да очекуваат граѓаните на Тетово од нас. И покрај тоа, ние имаме многу успешни акции, но, еве, видете со какви ракавици работиме, а да не зборувам во каква состојба ни е другата опрема. – вели Игор Симовски, заменик претседател на синдикалната подружница во Тетово.

Тие велат дека зад нивните барања стојат 90% од пожарникарите од тетовските единици.

Од Општина Тетово се огласија со соопштение, во кое се наведува дека врз основа на Законот за противпожарна заштита и Законот за работни односи, тие имаат донесено нова регулатива, со која се зголемија платите на пожарникарите.

Општина Тетово нема проблем со синдикатите, но се спротивставува на т.н. синдикати кои имаат политичка позадина. Овие синдикати имаат една единствена цел: да реализираат нечија политичка цел, најчесто поттикната од одредени политички кругови, кои се обидуваат да ја саботираат благородната и докажана работа на Територијалната противпожарна единица Тетово. – се вели во соопштението на Општина Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На овој датум секаде во светот ќе се одбележи 50 години од првиот бунт на хомосексуалците во њујоршкиот бар Стоунвал.

ФОТО: Битолчани ќе покажат пред светот што значи „Парада на Гордоста“

На 29 јуни во Скопје е закажана „Парада на Гордоста“, каде во центарот на главниот град...

Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците кои се обвинети за криминали да поднесат оставка?

На тема одговорност, сега има само едно прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците...

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...