
Македонија
Анализа
Актуелната градоначалничка на Тетово и кандидатка на ДУИ за уште еден мандат, Теута Арифи, штотуку објави дека не успеала да победи на локалните избори во Тетово.
Билал Касами, кандидат на Беса за градоначалник на Тетово, засега води на овие избори во тој град по пребројани 8 проценти од гласовите.
Засега Касами води со над 1.000 од досега преброените гласови. Во Тетово излезноста беше зголемена во споредба со првиот круг.
Противкандидат на Касами во Тетово беше Теута Арифи, кандидатка на ДУИ.
По првиот круг Арифи доби 11.138 гласа, а Касами доби 10.496 или само 462 гласа помалку.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.