Македонија
Вести
Утринава, околу 6.30 часот, петмина маскирани и вооружени разбојници со автоматски пушки ограбиле казино на „Адмирал“ лоцирано во Порта Влае, објави „Слободен печат“.
Разбојниците парите ги ставиле во бели вреќи и избегале. Веднаш по грабежот била алармирана полицијата која започнала истрага.
Пред само четири дена во близина беше ограбена и експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров од каде беа одземени се 8.700 евра, информираа од Банката.
Пред две години исто така беше ограбена НЛБ банка и тоа од вработен и ја олсни банката за 5 милиони евра за кои се уште нема ни трага, а краецот беше осуден на 5 години затвор, пред неколку месеци исто така банка на НЛБ имаше вооружен грабеж во скопската населба Чаир.
Парите на граѓаните се безбедни и покрај ваквите случувања бидејќи банката е добро обезбедена и осигурана, така да нема потреба од никаква паника за штедачите и клинетите на оваа банка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.