
Македонија
Вести
Несреќата се случи денеска околу 10 часот, кога камион со македонски регистерски таблички се превртело од засега непознати причини, повреден е само возачот на камионот.
Во текот на денот се очекуваат повеќе детали за причините, моментално СВР Охрид врши увид на настанот!
Во 30 годишното постоење на независната македонска држава забележани се неколку големи несреќи во кои загинаа поголем број лица.
Во три авионски несреќи на комерцијални авио линии на територијата на Македонија загинаа 219 патници, 10 жртви има во две несреќи со мали авиони и со 9 жртви беше авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски и неговите соработници, но се случи на територијата на БиХ.
Во 3 хеликоптерски несреќи загинаа 17 припадници на македонската армија. Во единствената бродска несреќа на Охридското езеро имаше 15 жртви, а во автобуската несреќа кај Тетово кога излета од патот автобус на „Дурмо турс“ загинаа 16 патници.
Во последната автобуска несреќа во Бугарија трагичниот биланс е 46 сограѓани, меѓу кои 12 се деца.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.