Судирот се случил во близина на градот Гjивице во Ссесија, регион во југозападна Полска.

Објавил: Сара Фемина | 23 август, 2020 12:57

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ПОЛСКА: Судир со автобус и комбе, девет лица го загубија животот, седуммина се повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Девет лица ги загубија животите во судир меѓу автобус и комбе во Полска, а додека седум се повредени, пренесува Асошиејтед Прес.

Судирот се случил во близина на градот Гjивице во Ссесија, регион во југозападна Полска.

Жртвите на судирот, кои ги загубија животите, се возеле во комбе, додека патниците кои биле во автобусот се повредени.

Властите потврдија дека во комбето имало девет лица во моментот на несреќата и дека сите починале, а дека автобусот превезувал 49 патници.

Портпаролот на полицијата изјави дека првичните резултати од истрагата укажуваат дека возачот на комбето изгубил контрола врз возилото. 

Меѓу седумте повредени патници од автобусите кои се згрижени во болницата, возачот е во најсериозна состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Во времето на злосторството, мајката на убиените деца не била во Загреб, а децата го поминувале викендот со својот татко.

Незапаметено злосторство во Загреб: Татко си ги убил трите деца и се обидел да се самоубие

Страшно злосторство во кое животот го загубија три деца се случило ноќеска во Загреб,...

Првата официјална информација беше дека загинале тројца патници и дека автобусот бил со македонски регистарски таблички.

На момент заспав, изјавил шоферот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 патници

Приведен е возачот на косовскиот автобус во кој утрово на автопатот кај Славонски...

Авионот „локид си-130 херкулес“ беше еден од двата авиона, кои беа во сопственост на американското воздухопловство, а кои ги добија како подарок годинава. Војската со децении се бореше со исламистичките фракции на Абу Сајаф.

Се урна воен авион на Филипини – има загинати, спасени најмалку 40 лица (ВИДЕО)

Филипински воен авион во кој биле најмалку 85 лица, се урна додека пробувал да слета...

Како што беше најавено, две запалени возила со човечки остатоци беа пронајдени на споредниот пат недалеку од градот Кармага!

ХОРОР ВО МЕКСИКО: 19 изгорени тела пронајдени во близина на границата со САД

Најдени се најмалку 19 јагленисани тела во Мексико, недалеку од границата со Соединетите...