Имено, според пријавеното, околу 08 часот Б.С. при изведување на работи, паднал од висина и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде околу 10,45 часот починал.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 август, 2019 10:35

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО РАДИШАНИ: Работник паднал од височина, починал на Клиника!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

При изведување на работи, човек паднал од висина и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде околу 10,45 часот починал.

Вчера претпладне во СВР Скопје од комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С. (63) од Богданци, кој бил ангажиран за изведување градежни работи на куќа во нас. Радишани.

Имено, според пријавеното, околу 08 часот Б.С. при изведување на работи, паднал од висина и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде околу 10,45 часот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Ремзи Мифтари лично наложил да се вградат уреди за лажирање на брзината, а ги активирале со прекинувач

КОЈ ГИ ПРЕВОЗУВА ГРАЃАНИТЕ? Раководителот на автобусите на ДУРМО ТУРС без ниту ден обука!

Со основно образование и без ниту ден обука. Ова е профилот на човекот што раководел...