
Македонија
Трагедија
Ноќеска околу 3:30 часот во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Ниш – Белград, во близината на Нови Врачин, загина Македонски државјанин возач на камион, дознава ТВ21.
Несреќата се случила кога камионот со кој управувал македонскиот возач, удрил во два други камиони кои биле паркирани на третата лента. Повредени се исто така и двајцата возачи на другите камиони.
Додека безбедноста на патиштата во Македонија се зголемува, тоа најдобро се гледа според намалувањето на бројките на жртви во сообраќајни несреќи. Како што покажуваат податоците на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) во Македонија има намалување на загубените животи во сообраќајот за 20 отсто во однос на претходната година.
Во 2018 година во Македонија имало повеќе од 150 жртви во сообраќајки, а за годинава што изминува таа бројка нема да надмине 130, изјавија од РСБСП.
Како што велат од РСБСП, особена промена има во однос на последните пет години, односно годинава има речиси половина помалку жртви во однос на 2014 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.