
Македонија
Инциденти
Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево!
Денеска после 11 часот на магистралата Охрид-Кичево, кај селото Црвена вода се случи тешка сообраќјна несреќа.
Возило со гостиварски таблици се преврте на патот кој и покрај тешката несреќа патниците се во добра здравствена состојба.

Иако нашиот новинар беше на лице место и присутните пријавија за несреќата, Охридската полиција дојде со закаснување од 45 минути.
Болничкото возило воопшто не се појави на местото на настанот, а ниту ни пожарно возило.
Причината за несреќата според наши сознанија е неприлагодена брзина и лошо поставените знаци на автопатот кој се гради повеќе години.
Ова е уште еден доказ дека државата не се интересира за безбедноста на патниците и е само прашање на време кога ќе се случат уште поголеми несреќи.
После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обезбеди местото на несреќата, туку тоа го сторија лица што се најдоа на местото на настанот!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.