Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 февруари, 2020 11:20

ТЕШКА НЕСРЕЌА ЈА РАЗБУДИ МАКЕДОНИЈА: Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на „Октомвриска револуција“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопштија од Итна помош Куманово, едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во Куманово.

Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники. Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на реонскиот пазар.

Од СВР Куманово потврдија дека се случила сообраќајна несреќа и најавија дополнителни информации во текот на денот.

2018 година беше застрашувачка година кога се работеше за сообраќајни несреќи во Куманово. Во првата половина од годината се случија 274 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле две лица, 17 се здобиле со тешки телесни повреди, 127 со повреди.

Најчести причини за настанување на сообраќајните незгоди во 59 случаи било првенство на минување, во 31 случај страна на движењето, во 20 растојание, 13 сообраќајки се случиле поради престигнување, по осум биле поради брзо возење и состојби на патот и во шест алкохолот бил причина за настанување на сообраќајни несреќи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Моментално на терен се екипи на МВР , а коловозната лента е делумно проодна. Не е познато дали има жртви. Увидот е во тек.

НАЈНОВА ВЕСТ: Страшна несреќа во Скопје- Се преврте возило во населбата Аеродром (ФОТО+ВИДЕО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булевaрот ,,Јане Сандански”. Најверојатно...