Како што информираат од полицијата, пет лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајки во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Објавил: Валерија Петрова | 17 јули, 2019 8:30

ТЕШКА НОЌ ВО СКОПЈЕ: Повредени 5 лица

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Десет сообраќајни несреќи се случиле за само 24 часа.

Како што информираат од полицијата, пет лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајки во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Полицијата санкционираше неколку возачи од сообраќајот во Скопје

Исто така МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 33 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и три технички неисправни возила, 12 нерегистрирани и едно возило за претовар.

Санкционирани биле и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување, пет возачи за не користење заштитен шлем, 11 возачи за не носење сигурносен појас и 14 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Шест пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 27 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 58 возила

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Во незгодата со повреди се здобила И.Б. која била пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош.

Воз се заби во автомобил- жена со повреди итно пренесена во болница

Вистинска драма се случувала вчера попладне околу 18:10 часот на железничка пруга Велес-Кочани,...

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а во врска со нападот со нож во скопската населба Бутел.

СТРАШНО: Напаѓачот кој прободе дете со нож во Бутел има само 12 години

Откриени се нови детали за прободувањето на малолетното момче во скопската населба...

Пожарникарите  целосно го изгаснаа пожарот што попладнево избувна во стан во населбата Карпош. Интервенцијата на 15 пожарникари кои на терен беа со 5 возила, траеше околу половина час. Во пожарот повредени лица нема, а причинета е материјална

Пет пожарни интервенира на Рузвелтова: Изгоре стан во Скопје

Гореше стан на улицата Рузвелтова во Скопје. Пожарникарите  целосно го изгаснаа пожарот...

Непозанти млади лица синоќа во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено, соопшти денес МВР.

ЗА МАЛКУ ФАТАЛНА ПРОШЕТКАТА НИЗ МААЛО: МВР се огласи за ранувањето на малолетникот во Бутел

Министерството за внатрешни работи денеска се огласи за вчерашниот инцидент во скопски...