
Свет
Вести
Три лица загинаа денеска во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале автобус со српски регистарски таблички и автомобил на патот Атина-Солун.
Според грчките медиуми, несреќата се случила во близина на областа Поликастро на излезот кон Евзонони.
Во автобусот имало 78 патници, додека во автомобилот имало четири лица.
Тројца сопатници од автомобилот се пронајдени мртви, а четвртиот е тешко повреден.
Полицијата и пожарникарите излегле на местото на настанот. Според извештаите, повредени се 40 лица.
По директниот судир, автобусот се превртел, а во сообраќајката бил вклучен и втор автомобил, најверојатно со српски регистарски таблички, кој удрил во возилото, без да бидат повредени патниците.
По сообраќајната несреќа, автопатот од границата со Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.