Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило С.Т(19) од Струмица.

Објавил: Сара Фемина | 13 октомври, 2019 17:27

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ РАДОВИШ: Загина 19 годишна девојка, возачот тешко повреден!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во кој животот го загуби 19 годишна девојка, а додека возачот со тешки повреди е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза„

На магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на село Радичево, утринава околу 4:05 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолсваген шаран’’ со бугарски национални ознаки управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило „даф’’ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т (44) од Радовиш.

Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило С.Т(19) од Струмица , а возачот Ф.Д се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комлекс клиники „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

СТРАШНА СЦЕНА: Триесет и шестгодишник загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Велес

Вчера на пладне на автопатот Куманово – Велес, на клучката „Петровец“, Д.Б.(36) од Куманово,...

Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 9 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар во близина на месноста „Манастирски ливади”.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Загина маж во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар!

Едно лице почина во тетовската болница каде било донесено со тешки повреди здобиени...