По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот.

Објавил: Перо Милчин | 23 јуни, 2019 20:23

ТЕШКО УБИСТВО ВО БИТОЛА: Си ја убил сопругата, па си го одзел животот!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска во попладневните часови во Битола се случи убиство и самоубиство.

Денеска во Битола во расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот. Како што информираат од Обвинителството, дежурен јавен обвинител од Битола извршил увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде денеска попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

– Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. – соопшти обвинителството.

Според извори од полицијата, околу 14.15 часот во СВР-Битола било пријавено дека на ул. Климент Охридски С.Ѓ. по претходна меѓусебна расправија извршил убиство на неговата сопруга М.Ѓ. пукајќи со пиштол ЦЗ 7,62 по што извршил самоубиство.

За сега се уште не е познат мотивот за тешкото убиство кое се случи во Битола, денеска во попладневните часови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Брачниот пар беше најден утрово околу четири часот од полицајци во нивниот стан на улицата „Илинденска“, откако претходно било пријавено дека таму има поврдени лица. Во настанот што го истражува јавен обвинител, била повредена и С.Т. (78) која починала од повредите во гостиварската болница.

ДЕТАЛИ ЗА МАСАКРОТ: Со 20 убодни рани на телото и главата – гостиварчанката успеа да преживее

Гостиварчанка пренесена итно во болница со 20 убодни рани, за среќа се наоѓа надвор...