Тешката несреќа се случила утринава околу 8.30 на автопатотот кај селотот Катун, но засега не е позната причината зошто шлеперот се превртел.

Објавил: Перо Милчин | 16 ноември, 2019 10:55

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Се преврте шлепер со македонски таблички на автопатот кај Ниш

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што објавија српските медиуми на автопатот меѓу Алексинац и Ниш, во правец кон Белград рано утрово се преврте шлепер со македонски таблички.

Тешката несреќа се случила утринава околу 8.30 на автопатотот кај селотот Катун, но засега не е позната причината зошто шлеперот се превртел.

Шлеперот го возел 38 годишно лице, државјанин на Република Македонија, а во полицијата велат дека Брзата помош е на терен, но дека се уште немаат информација дали и колку возачот е повреден.

Сообраќајот кон Белград е целосно сопрен додека камион не се отстрани, бидејќи тој ги препречил сите три ленти.

Неодамна во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Ниш – Белград, во близината на Нови Врачин, загина Македонски државјанин возач на камион.

Несреќата се случила кога камионот со кој управувал македонскиот возач, удрил во два други камиони кои биле паркирани на третата лента. Повредени беа исто така и двајцата возачи на другите камиони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

На 17.01.2020 во 10.55 часот во СВР Скопје, Е.С.(26) од Скопје, вработена во банка, пријавила дека во експозитура на банката на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје три лица со закана со оружје над вработените одзеле пари.

ДЕТАЛИ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО НЛБ: Тројца ја ограбиле банката па го запалиле возилото во Ѓорче Петров

МВР ги откриваат деталиите за грабежот во НЛБ банка во Скопје. На 17.01.2020 во 10.55 часот...

Во автомобилот немало сопатници, а возачот кој е на возраст од триесетина години, се здобил со тешки телесни повреди.

Тешка сообраќајна несреќа ја разбуди Македонија – затворен патот Виница-Берово

Од 06:30 часот утрово во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Виница-Берово,...