Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ утрово влегоа во најголемиот затвор во Македонија.
Основното јавно обвинителство Скопје се прават претреси поради сомневање за извршени кривично-правни дејствија. Како што пишуваат меиумите се бара дрога и други предмети.
„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“, соопштија кусо од ОЈО Скопје.
Затворот во Идризово неколку пати до сега бил мета за претреси поради сомнение дека оние кои се зад решетки поради сторен криминал, го продолжуваат ланецот и во затворските ќелии. Во неколку наврати при претресите беа најдени мобилни телефони, дрога, остри предмети, пари…
Претресот во Идризово во октомври лани
Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога, соошти МВР тогаш.
При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стоеше во извештајот на МВР.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.