Македонија нема да биде Европа ако не генерира капацитет политичката битка да се води во демократските институциите

Објавил: Македонка Димкин | 25 август, 2023 14:02

Тие што сакаат Европа да ја донесат со лажни вести и со калашникови – не се Европа!

Фото/Текст извор: ©Infoplus

Македонија нема да биде Европа ако не генерира капацитет политичката битка да се води во демократските институциите, а тоа подразбира на пратениците да им се овозможи непречено и без притисоци да ја артикулираат волјата на избирачите за сите важни прашања и теми, вклучувајќи го и прашањето на уставните промени.

Тврдам дека предложените уставни измени не се прифатливи и убеден сум дека целиот проект ќе пропадне затоа што е суштински неевропски – дизајниран е како шверцерска операција што се води агресивно и со средства кои во цивилизираните европски земји се сметаат за недемократски и нелегитимни.

Деновиве сме сведоци на нови брутални притисоци врз опозицијата да потклекне и така по секоја цена да се обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот потребно за усвојување на уставните промени. Иако резултатот на оваа погубна стратегија веќе е познат – огромно мнозинство од граѓаните на Македонија се убеди дека предложените уставни промени не се најдоброто решение и бездруго не се последната уцена од Софија и од Брисел со која ќе биде соочена сервилната влада на Димитар Ковачевски – кампањата за оцрнување и понижување на луѓето кои имаат доблест јасно и гласно да ги изнесат своите аргументи против непристојните предлози со кои е уценет прогресот на Македонија во преговорите за членство во Европската унија, ќе продолжи и ќе се засили.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести