
Свет
Крајот на функционирањето на апликацијата „Тик Ток“ во Соединетите Американски Држави е речиси сигурно, објави компанијата која стои зад популарната апликација за споделување на видеа.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“ оттаму велат дека иако нивната борба против законот кој Конгресот го донесе во март 2024 година во име на заштитната национална безбедност, а кој Врховниот суд на САД одби да го запре, трае неколку месеци сепак доколку нема новости во текот на денешниот ден, апликацијата ќе престане да функционира на американско тло.
„ТикТок, за жал, ќе биде принуден да ја прекине работата во САД на 19-ти јануари, освен ако администрацијата на Џо Бајден не се погрижи да не се спроведе законот со кој се забранува платформата во САД ако неговиот кинески сопственик не се согласи да ја продаде“,велат од ТикТок.

Инаку, Законот кој беше донесен од страна на Конгресот му наложува на кинескиот сопственик на апликацијата „Бајтденс“ да ја продаде американската подружница на ТикТок или во спротивно, апликацијата да биде забранета. Врховниот суд, вчера, иако призна дека ТикТок е важно средство за изразување за над 170 милиони Американци, ја поддржа одлуката на Конгресот, наведувајќи загриженост за националната безбедност.
Белата куќа сугерира дека спроведувањето на законот ќе биде препуштено на следната администрација на Трамп, а американското министерство за правдаукажа дека ќе биде потребно време за спроведување на законот. Новоизбраниот претседател Доналд Трамп, пак, претходно изрази поддршка за задржување на ТикТок во САД, но неговата жалба до Врховниот суд беше неуспешна.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.