
Живот
Здравје
Тимот кој на 23 мај ја направи првата трансплантација на срце во Македонија се добитници на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје.
Меѓу наградените се и докторите од „Аџибадем Систина“ проф.
д-р Александар Николиќ, кардиохируг, и д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е горда што нашите доктори беа дел од тимот што ја изведе првата трансплантација на срце во земјава, велат од болницата!

По шесовна часа операција, во сала на државната кардиохирургија, тим на врвни лекари оваа година ја извршија првата трансплантација на срце во земјава. Семејството на 43 годишна жена што го загуби животот во сообраќајка несреќа со мотор, одлучи, да спаси животи, донирајки ги и нејзиното срце и нејзините бубрези.
,,На Клиниката за Државна Кардиохирургија во Скопје, по 6 часа операција, беше трансплантирано новото срце во телото на 54 годишниот пациент. Два бубрега од истиот донор се трансплантираа на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.
Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. Д-р Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со Д-р Васил Папестиев, Д-р Марјан Шокаровски, Д-р Ванѓел Здравески, Д-р Кјутим Џелили, Д-р Тања Анѓушева, Д-р Никола Христов, Д-р Стефанија Хаџиевска, Д-р Надица Мехмедовиќ, Д-р Весна Миташова, Д-р Јасмина Илиевска, Д-р Марија Гераковска и Д-р Димче Славевски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.