Експлантацијата е во тек. Им држиме среќа на сите, напиша премалку на Фејсбук статус министерот за Здравство Венко Филипче.

Објавил: Перо Милчин | 22 мај, 2020 23:39

ТИМОТ ПОДГОТВЕН- ВИ ЧУВАМЕ СРЕЌА ДОКТОРИ: Започна првата трансплантација на срце во Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во моментов започнува првата трансплантација на срце во Република Македонија.

Тимот од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (Карил) се подготвува за трансплантација.

Експлантацијата е во тек. Им држиме среќа на сите, напиша премалку на Фејсбук статус министерот за Здравство Венко Филипче.

За жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор.

Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пациентот!

ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Долго време била присутна надежта дека органите и ткивата земени од животни или од друг човек, можат да ги заменат оштетените органи и ткива кај друг човек или животно.

Таквото заменување е наречено трансплантација (пресадување, калемење). Голем број од првите такви обиди завршувале неуспешно, бидејќи, секој организам се бори да ја уништи туѓата материја, вклучувајќи ги и ткивата од друг човек, или друго животно. Таквата нормална реакција на организмот се нарекува синдром на отфрлање.

Во сите случаи на трансплантирање, ткивата на дарителот, треба да соодветствуваат на ткивата на примателот, како што соодветствува крвта која се дава при трансфузија. Совпаѓањето на ткивата се проверува со голем број лабораториски анализи, а се прават и напори да се најдат дарители чии ткива содржат релативно малку антигени, што можат да предизвикаат отфрлање на трансплантот од организмот на примателот.

Бидејќи е невозможно да се совпаднат целосно сите антигени од дарителот со тие на примателот, многу често на примателот му се даваат лекови што ја блокираат имунитетната реакција на неговото тело, насочена кон пресадениот орган или ткиво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Македонија се враќа во нормала: Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти!

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. – Скопје 11 –...

Според него со олеснувањето на рестриктивните мерки и тоа што не беше прифатена препораката од Комисијата за заразни болести, за целосен карантин за време на викендот, претставува потенцијален ризик дека во наредните денови бројот на нови случаи ќе биде поголем.

Инфектологот Цана: Наредните денови ќе има уште повеќе заразени!

Специјалистот за инфективни болести Фадил Цана, во изјава за Алсат, го прокоментира...

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Ковид-19: Македонија бележи два дена без жртви!

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. – Скопје 7 –...