Неделковска е веројатно најтрофејното дете пијанист кај нас

Објавил: admin@magazin | 22 мај, 2018 11:20

Тина Иванова: Браво за Инес Неделковска!

Фото/Текст извор: ©

Инес Неделковска е една од оние уметнички која ја следиме со големо интересирање. Затоа што нејзиниот досегашен пијанистички пат е како постелан со рози. Уште од првата нејзина појавност на сцената до денес, Неделковска ниже успеси какви што би посакал веројатно секој млад пијанист. Се разбира дека розите како метафоричен приказ се романтичен поглед само од очите на публиката, па дури понекогаш и од страна на критиката и жиријата од натпреварите на кои што таа учествувала, но повеќе од јасно е дека младата пијанистка, како и сите оние кои го избрале овој тежок пат, често се движат по трње додека да стигнат до прекрасните цветови.

Во петокот вечерта, на 18 мај во Камерната сала на Македонската филхармонија, присуствуваме на уште еден фантастичен концерт на петнаесетгодишната Инес Неделковска кој ја воодушеви публиката, а која пак, ја наградуваше оваа млада пијанистка со силен аплауз после секое изведено дело. Нејзината предаденост и очигледната љубов и страст на кои се надградува нејзиниот пијанистички талент, не може, а да не предизвика силни емоции кај оние кои ја восприемаат нејзината интерпретација.

Бевме сведоци на едночасовно прекрасно музичко патување на кое, ако ги затворевме очите, пред нас ќе се појавеше искусен пијанист, наместо младото дете Инес Неделковска. Бидејќи, таа покажа изненадувачки зрел пристап кон целиот репертоар кој што го презентираше. Донесе енергичен, моќен звук, прикажа јасен стилски израз, односно умешност да ги „наслика“ чисто спецификите на делата кои доаѓаат од различни музички епохи, успеа точно да ги донесе всушност, сите одделни карактеристики кои го красеа секое донесено музичко парче на сцената, следењето на сите пијанистички линии беше извонредно, партитурата на композиторите беше испочитувана до максимално читање и претстави вуртуозни делници кои оставаа без здив.

Уживавме всушност, во целата фантастична концертна сеанса на Инес Неделковска. Одлично конципирана програма која донесе атрактивност, инспирација, која донесе драма и поезија, реалност и фантазија, која претстави значаен дел од историјата на пијанистичката музика. Почнувајќи од „Прелудиум и фуга“ во c-moll BWV 549 од Ј.С. Бах – Д. Кабалевски, композиција од која умешно ги извлече сите човечки чувства и расположенија кои ги содржи, од веселост до вознемиреност, потоа Пијано сонатата (D. 664) – Allegro moderato, од големиот романтичар и последниот мајстор на Виенската класична школа Франц Шуберт, за да стигне до виртуозната „Унгарска рапсодија“ бр. 10 од Франц Лист која може да се чита и како своевиден фолклорен документ. Потоа, слушнавме уште едно од омилените дела на пијанистите – „Vanished Days“ од „Лирски пиеси“ бр. 57 на Едвард Григ, извлекувајќи го вешто игривиот карактер и грациозноста, па ефектната, драматична „Наваждение“ бр.4, оп. 4 од Сергеј Прокофјев, за да заврши со колоритната, романтична „Токата“ од Арам Хачатуријан. Маестралната интерпретација ја врати Инес Неделковска на бис, кога по Етидата од Чајковски измами воодушевувања кај бројната публика.

Навистина, талентот на Неделковска е неспорен. Тоа одамна е видливо. Но, за успесите кои што постојано ги ниже, заслужна е нејзината огромна посветеност и силна волја да стои рамо до рамо со светските пијанистички имиња, сигурно и нејзиниот огромен интерес да продолжи да истражува во бескрајниот свет на музиката барајќи нови предизвици, но се чини, најголемата заслуга во овој миг, ја имаат нејзините педагози – проф. Нина Костова и проф. Људмила Романова.

И токму затоа, Инес Неделковска е веројатно најтрофејното дете пијанист кај нас. Нејзините престижни награди кои таа досега ги освои на домашните и на меѓународните натпревари се силна потврда за нејзината голема трудољубивост. Тоа го покажува и преку настапите и надвор од земјава, на престижните сцени во Њујорк, Москва, Љубљана, Монте Карло, а тоа го докажа и овде, пред својата верна публика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

На 15 локации, истовремено, уметници, музичари и сите што се дел од „Бела ноќ“ на присутните ќе им понудат различна културно-уметничка содржина.

„50 години Скопски“ – Бела ноќ: Хитови од Скопски фестивал ќе се пеат пред Универзална сала!

Концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д-видеомапинг и уште многу други културни...

Првото судско рочиште е закажано за 21 октомври во Кривичниот суд, кога Јовановски ќе треба да седне на обвинителна клупа, каде што ќе му се суди за кривичното дело „Тешка телесна повреда“

СКАНДАЛОЗНО СЕМЕЈСТВО: На татко му на Боки 13 ќе му се суди за физички напад!

Сопственикот на 1ТВ и татко на Боки 13 Миле Јовановски, наскоро ќе му се суди за напад...

Изборот на името на училиштето е по желба на граѓаните кои се изјаснија на јавна анкета која ја спроведе општината на својата веб страница во јули годинава.

Новото општинско училиште во Капиштец ќе го носи името „КИРО ГЛИГОРОВ“

Советот на Општина Центар пред два дена го усвои предлогот, новото општинско училиште...