Ако се сметате себе си за вежбач имате тенденција да видите некои познати лица: редовните, пријателите, можеби колега или слично. Но, исто така, почнувате да гледате одредени видови на луѓе.Понекогаш, овие луѓе ве тераат да се смеете, понекогаш, дури може да ве натераат да се лутите.

Објавил: admin@magazin | 15 август, 2018 13:53

Типови на луѓе кои ги гледаме во теретана

Фото/Текст извор: ©http://www.healthclubmanagement.co.uk/health-club-management-news/Google-Goals-Google-Fit-workout-gym/323506?source=search

“Сакам јако тело,сакам да земам протеини за да накачам маса ,само стомачни и голем задник доста ми се! ”

Секојдневните разговори што ги слушаме во скопските теретани. Има различни типови на луѓе во теретани. Ќе ги класифицираме во групи ,а секој од вас ќе може да се пронајде,па можеби и да преземе нешто за да се поправи кон подобро.
1.Група-Ѕверови
Луѓе кои во буквална смисла се ѕверови.Без разлика дали станува збор за мажи или жени овој тип на луѓе ја имаат сериозно сфатено својата работа зошто доаѓаат во теретана.Вежбаат фокусирано и ги постигнуваат резултати водејќи здрав начин на живот.


2.Група-Трачари
Овие луѓе одат во теретана со придружба.Мажите обично одат со другари за да имаат некој да им помага со теговите,а пак жените за да имаат со кого да си прават муабет помеѓу серија ,а кога ќе се изморат од разговори си одат дома.Па подобро би било тие муабети да ги оставите за на кафе.


3.Група-Сликари
Ова се луѓе на кои би им пропаднало вежбањето или нема да им се смета одењето во теретана ако не споделат слика на социјалните мрежи.Имаат совршено обликувано тело ,па затоа и имаат со што да се пофалат

.
4.Група-Мрзливи
Едноставно кажано одат да вежбаат “ради реда” или за да пополнат време.Не водат здрав животен стил ,така што после теретана одвај чекаат да се почестат со вкусен сендвич или слатко.

5.Група-Фитнес пар

Заљубениот пар кој уживаат да ја делат својата пасија,и да комбинираат вежби заедно.

6.Група-Заведувач

Човек кој ја користи теретаната како место да си најде поубава половина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Стил

Во последно време, нај актуелниот Бојан Јовановски- Боки 13 носеше исклучиво реномирани брендови на себе. Обожаваше да се слика во парчиња оригинална облека на “Версаче”, “Долче и Габана”, “Диор”.

ОД ЦЕНАТА ЌЕ ВЕ ЗАБОЛИ ГЛАВА: Еве колку илјадници ЕВРА чини облеката на БОКИ 13!

Боки 13 секогаш е најактуелен со скоро сѐ што прави, а последните недели се наоѓа во...