Јаки полициски снаги, како што пишуваат Албанските медиуми, ги блокирале пешаците измеѓу Уметничката галерија и Министерството на внатрешни работи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 март, 2019 18:42

ТИРАНА ГОРИ, запалени гуми, демонстрантите сакаат да влезат во собранието-полициски снаги блокираат

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Повеќе илјади демонстранти, симпатизери на опозицијата, ја опколија денеска зградата на парламентот во Тирана, барајќи оставка на владата и распишување на нови парламентарни избори.

Илјади демонстранти кои ја поддржуваат опозицијата денеска го опколија парламентот, барајќи оставка на владата и предвремени избори. Тие ја обвинуваат владата за корупција и врска со криминалот. Ситуацијата е надвор од контрола и запалени се гуми кои горат пред зградата во парламентот. Демонстрантите силно извикуваат и Рамо заминувај„

Зградата на парламентот во Тирана е заградена со бодликава жица, како и стотина полицајци се наоѓаат околу зградата, од страв да не пробаат демонстрантите да влезат внатре.

Хаос на улиците во Тирана. Се палат гуми пред собранието, демонстрантите спремни да влезат внатре. Јаки полициски снаги го обезбедуваат собранието.

Албанските медиуми од рано утринава известуваат дека Тирана е практично пред војна, а заседанието е закажано за попладнево, па повеќето пратеници почнале да доаѓаат во зградата неколку часа пред заседанието, бидејќи сакале да ги избегнат демонстрантите и најголема нај веројатност од физички напади.

Јаки полициски снаги, како што пишуваат Албанските медиуми, ги блокирале пешаците измеѓу Уметничката галерија и Министерството на внатрешни работи. Секој кој сакаше да помине низ забранетата зона мораше на полицијата да покаже лична карта.

Пратениците на опозициската Демократска партија поднесоа оставки на пратеничките функции и така практично ги одбија разговорите со ЕУ и САД.

Неколку стотина полицајци распоредени пред собранието во Тирана.

Социјалистичката партија на Еди Рама има 74 од 140 места во парламентот. Се наведува дека полицијата не им дозволува на медиумите да влезат во зградата на парламентот, да не би можеле да се сретнат внатре со пратениците на Социјалистичката партија.

Полицијата беше приморана да фрли солзавец ,по што оние кои се обидуваа да влезат во зградата се повлекоа. На објкетот на зградата има и снјаперисти. Има неколку повредени кои се транспортираат со амбулантни возила. Според опозицијата на протестите во Тирана има над 100 илјади граѓани.

http://https://www.youtube.com/watch?time_continue=54&v=FYXeUBvlyj4

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.