Тие исто така се обидоа да упаднат во владиниот комплекс каде е канцеларијата на премиерот Еди Рама, но полицијата ги растера со солзавец.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 декември, 2020 19:31

ТИРАНА КАКО БОЈНО ПОЛЕ: Слики од протестите од албанската престолнина го обиколија светот, сè започна со убиство на млад човек(ФОТО, ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стотици Албанци излегоа на улиците во Тирана во средата вечерта поради убиството на младиот човек, Клаудиус Раша (25), кој го наруши полицискиот час воведен за борба против коронавирусот.

Како што наведуваат месиумите тој го нарушил полицискиот час и не застана на барање на полицијата.

Демонстрантите, кои ја прекршија забраната за собирање повеќе од 10 лица, се судрија со полицијата. Тие фрлаа камења кон полицајците и зградите на Владата, Министерството за внатрешни работи и Собранието на Тирана.

Тие исто така се обидоа да упаднат во владиниот комплекс каде е канцеларијата на премиерот Еди Рама, но полицијата ги растера со солзавец.

Претставник на полицијата во Тирана изјави дека најмалку девет полицајци се повредени и дека демонстрантите оштетиле неколку полициски возила! Демонстрантите тврдат дека протестот не е политички, но меѓу насобраните може да се забележат и приврзаници на опозицијата.

Во меѓувреме, премиерот Рама отпатува во Соединетите држави да преговара за набавка на вакцини!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...

Хрватската амбасада во Сараево се наоѓа во канцелариска зграда во центарот на градот на Детскиот плоштад во Сараево.

ХРВАТСКАТА АМБАСАДА ОСТАНА БЕЗ ЗНАМЕТО НА ЕУ: Се трага по вандалите во Сараево!

Знамето на Европската унија поставено на фасадата на зградата на хрватската амбасада...