Според Петковски барањето на ДУИ, премиер да биде Албанец е обид Заев да се делегитимира но и обид да се воведе друг општествен систем.

Објавил: Владо Марин | 13 август, 2020 16:37

Тито Петковски: ДУИ сака да го делегимитира Заев

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Долгогодишниот политичар и добар познавач на политичката сцена Тито Петковски за Слободен печат вели дека доколу добро се читаат последните пораки на ДУИ, меѓу нив и поканата за прослава на Охридскиот договор само со албанските лидери, се крие нешто друго.

Ахмети покажа дека Охридскиот договор го чита на друг начин, спротивено од оној кој Договорот го читаа како мировен. Кандидатот за премиер Насер Зибери, но и Али Ахмети во текот на изборната кампања не кажаа ниту две реченици на македонски јазик. Зборуваа за воведување на албанскиот јазик од прво одделение. Али Ахмети кој со национална реторика ги доби гласовие сега уценува со бројот на пратениците, вели Петковски.

Според Петковски барањето на ДУИ, премиер да биде Албанец е обид Заев да се делегитимира но и обид да се воведе друг општествен систем.

Ова е и удар на идејата едно општество за сите. Спроед тезата на Ахмети, Македонија да не биде граѓанско општество туку граѓанска држава меѓу Македонци и Албанци, значи бинационализација на земјата. Провокацијата што ја направи заменик министерот за внатрешни работи Нухиу потпишувајќи ги документите за двојазични униформи, во овој период, не е ништо друго туку национализам кој има функција да создаде зла крв и меѓу политичките конкуренти, но и меѓу граѓаните. Откако, ДУИ постои како воена формација прави провокација и го користат сериозниот конфликт меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Вулгарни и фашисоидни се уцените со 15 пратеници да има премиер Албанец или ако нема пораката е дека ќе има војна. Во Уставот јасно стои кој треба да формира влада, вели Петковски.

Според Петковски сега најдобро би било во Македонија да биде формирана Влада на национално единство која ќе биде фокусирана врз борбата против коронавирусот, криминалот и корупцијата.

Тој уште посочува дека зад обидите да се елиминира Зоран Заев како победник на изборите од позицијата иден премиер се крие подземна битка за спречување на најзначајните државни интереси, еу интеграциите, владеење на правото, испитување на потекло на имотот на политичарите, предметите на Специјалното обвинителство кои опфаќаат стотина партиски и државни функционери и моќници кои треба да седнат на обвинителна клупа итн.

Очекува и овојпат „странците“ да и помогнат на Македонија во разрешувањето на оваа состојба, која веќе почнува да наликува на политичка криза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Затоа утре поставете му ги прашањата на Петков на утрешната прес конференција. Ако одговори така како што очекувам, нема да има пречка за првата меѓувладина конференција.

МИЦКОСКИ ЗА ТВ 24: ЌЕ СЕ СРЕТНАМ СО ПЕТКОВ И ОЧЕКУВАМ МАРИЧИЌ ДА ГО СОВЕТУВА ДА НЕ СЕ МЕША ВО МАКЕДОНСКИТЕ ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа ги охрабри...

„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата

Османи: ДУИ очекува Заев да продолжи да ја води Владата

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера во дебатниот...