Луис Хамилтон со уште една светска титула во формула 1. Неговата блескава кариера ја обележи уште една титула на тркачките стази во Абу Даби.

Објавил: Сара Фемина | 25 ноември, 2018 17:05

ТИТУЛА – Хамилтон повторно светски шампион во формула 1

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Светскиот шампион и возач на мерцедес Луис Хамилтон повторно доминираше во Абу Даби и победи денеска, во последната трка на овогодинешниот шампионат Формула 1,за големата награда во Абу Даби.

Хамилтон е 5 години светски шампион и од почетокот до крајот на трката ја оствари својата 73 победа во својата кариера, во 11 сезона. Тој победи со резултат од 1 саат,39 минути, 40,382 секунди.

Второ место освои возачот на Ферари Себастијан Фетел со заостанување од 2,581 секунди, а трет беше Макс Верстапен од ред бул со 12,706 секунди заостанување.
Четврто место освои Даниел Рикардо од ред бул, петти извои победа Валтери Ботас од Мерцедес а шесто место освои Карлос Саинич од Рено.

 5 Светски шампионски титули и 73 победи во својата кариера на Луис Хамилтон.

Финскиот возач Ким Раиконен ја возеше својата последна трка за Ферари, но не ја заврши бидејќи имаше проблеми со моторот. Шампионска титула оваа година ја одбранија Хамилтон и Мерцедес, кои беа најдобри во конкуренцијата на конструктори.

Хамилтон водеше пред Фетела  без никакви потешкотии и 15 кругови пред крајот беше за 6 секунди во предност. Меѓу водството немаше промена, а Саинич успеа да го престигне Лекер за шесто место. Алонсо доби условна казна од 5 секунди бидејќи ја пресече црвената линија, но сепак остана на 11 место.

По завршетокот на трката, Хамилтон и Фетел се возеа со Алонсо и направија почесна трка. На тој начин му оддадоа голема чест на успешната кариера во формула 1.После тоа сите тројца, кои заедно освоија 11 шампионски титули, направија крофни на стазата во Абу Даби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Формула

Организаторите би се соочиле со проблеми поради опасност од коронавирусот заканувајќи се дека ќе ги откажат трките.

ХАМИЛТОН НОСИ МАСКА: Светскиот првак озбилно го свати КОРНА ВИРУСОТ(фото)

Новата сезона во Формула 1 започнува на 15 март со тркачка патека во Мелбурн. Организаторите...

Шумахер пред шест години доживеа несреќа за време на скијање на Алпите од која се здоби со тешки повреди на главата поради што и долг период беше во коматозна состојба. Неговиот денешен лик е енигма за светската јавност, освен за членовите на семејството.

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ШУМАХЕР: Повеќе не е во кома, но не е како порано

Никола Ачијари, светски познатиот неврохирург од Италија, денеска ја шокираше јавноста...

Хамилтон е британски возач во Формула 1, и успеа да го заземе врвот на листата најдобри спортисти организирано од полската новинарска агенција.

Луис Хамилтон прогласен за најдобар спортист во Европа

34- годишниот Луис Хамилтон ја доби титулата најдобар спортист во Европа во традиционалниот...