Два километри автопат не можеше да изградиш. А ко божем почна…

Објавил: Македонка Димкин | 28 ноември, 2021 18:35

Ти не си ветар во грб друже Зоки, ти си ебиветер!

Фото/Текст извор: ©инфо плус

Јас и ти стасавме до крајот на една приказна. Тажна приказна е тоа, другарче. Требаше да биде славна, а испадна тажна.

Дојде време да ти го кажам словото.

Пред тоа, да те пофалам малку. Добро е што конечно реши да се повлечеш. Она со одложувањето на оставката ти беше гранде заеб. Убаво ти напишаа на таблата во Муртино – ела си дома, Зоки, не се бруки!

Ако се точни моите информации, на седницата на Извршниот одбор, на која Оливер, Петре и другите наводно држеле говори со апели да останеш „врзивно ткиво“ во СДСМ, ти си подвикнал: „Доста е глупирање!“ Ако навистина било така, тоа значи дека знаеш дека на сите веќе им тежиш. Ко сидрото што го џитна да влече напред, ти текнуе?

На сите си им дојден преку таквото. И на Рада која одамна не те поднесува. И на Љупче Путерот кој ти е верен до смрт, под услов смртта да побрза, оти он верен не може да биде долго време. И на Оливер кој одамна ја демне твојата фотелја и кој знае што ќе лафеше сега да победевте во Куманово. И на Венкота, кого вчера го донесе во партијата, кој видел таму дека сите сте дудуци за политика и си рекол, ако можам мозок да оперирам, зошто не би можел на вакви будали шеф да им бидам…

И на странците им тежиш. Кренаа раце од тебе. Откако те маркираа како лидер на хибриден режим, само молчат и те гледаат како се вртиш ко прдеж у гаќи. Знаат дека веќе не можеш ништо да испорачаш. Што ќе им си?

Виде дека и народот веќе не те сака, другарче. А богами, од твоја уста чувме дека и ти не го сакаш народот. Веќе не. Ти се скинала жицата на гитарата.

Бегај на нозе, за да не бегаш во гепек!

Значи, веќе знаеш дека си сам. Добро е, не морам јас да ти кажувам. По кој знае кој пат…

Немој да се предомислуваш за премиерското место, другарче. Немој веќе да седиш во скутот на Ахмети. Добро, поседи уште некој ден ако баш мораш, ама не мрдај многу! Колку повеќе мрдаш, толку повеќе ќеиф им правиш. Ме разбираш, нели?

И не се занесувај дека сега ќе бидеш некаков „активен член“ на СДСМ и „ветер во грбот“. Ко што рече другарката Богданка од погребалниот комитет.

Другарче, ти сега во СДСМ не можеш да бидеш никаков ветер, туку само ебиветер!

Сакаш да ти кажам зошто?

Зашто сите знаат дека твојата оставка не е чин на преземање морална одговорност за едни изгубени избори. Ова е евакуација!

Ако не се повлечеш веднаш, утре ќе те избркаат на клоци. Ако не избегаш сега, испратен со панагирици и тридневна жалост на баграта што сам ја избра и која сега ги дизајнира церемониите на погребот на твојата политичка кариера, утре ќе бегаш во гепек. Ко Грујо.

Тоа е, другарче. Што може човек сам да си направи, никој не може…

Си презел тешки обврски, а не можеш да испорачаш.

Си ветил работи што не можеш да ги исполниш.

Си излажал многу луѓе. Гледајќи ги со своите итри очиња. И со ручето на срце.

И нема сите да ти простат. Има и такви што ќе сакаат да ти се одмаздат.

Јасно ти е тоа, нели?

И не си прави филмчиња, другарче, ако не сакаш да се изгубиш во сопствените лаги, во сопствената самобендисаност. Мораш да сочуваш здрав разум, млад си, треба да живееш и да работиш, имаш фамилија за гледање.

Три дена лигушите од Заевото здружение на политички лузери, сите тие глупави советници, партиски апаратчици, пи-ар експерти, поткупени новинари и инфлуенсери, кои се подеднакво виновни за поразот на СДСМ како и ти (затоа и ги повикав под итно да си дадат откази и оставки и да отстапат), ќе ти пишуваат опела.

Четвртиот ден ќе се свртат кон твојот наследник, оти голема ќе биде битката за неговата наклонетост. Така е секогаш.

Да не мислеше дека тие лигуши те стискаат толку многу во своите прегратки зашто си убав, храбар и паметен?

Голем човеку?

Хахаха!

Не си им ни до колена на Кљусев, Љубчо, Бранко, па и на Никола!

Не се занесувај, другарче, ти не си најдобриот премиер на Македонија и најдобриот лидер на СДСМ во последните 30 години. Како што те теши Бучковски.

И секако не си поголем мајстор од Киро Глигоров, како што лупна Фрчкоски и остана жив, но не стана амбасадор. Ни у втора амбасадорска лига.

Ти не си им до колена на покојниот Никола Кљусев, на Бранко Црвенковски, на Љубчо Георгиевски, па и на Никола Груевски. Хари Костов не го спомнувам, кратко траеше. А за Бучко нема ништо да кажам, оти ти е другарче, да не се разбереме погрешно.

Љубчо беше првиот човек што викна Македонија да биде независна. Во време кога сите други правеа планови како да останеме дел од Југославија, да се онадиме а да не ни влезе,  кога се кубеа коси при симнувањето на сликата на Тито во парламентот, кога не можеше да се замисли да се испее „Денес над Македонија “ без „Хеј Словени“. Е тоа беше храброст. И младост-лудост, се разбира.

Ти не знаеш ништо за ова. Тогаш си играл џамлии во Муртино…

Бранко Црвенковски ја приватизираше социјалистичката економија. Пискотници од Галичник до Река, што да ти расправам… Ги изгуби Бранко изборите во 1998 година. Каков пораз! Се врати на бел коњ во 2002 година година. Со 500.000 гласови. Каков триумф!

Ти и за ова не знаеш ништо. Био си код Јелене можда, у Горњи Милановац…

Се врати Бранко во СДСМ во 2009 година, ја крена на нозе партијата што ја упропастија Бучко и Рада и во 2011 година го стресе режимот на Груевски. Малку фалеше Грујо да падне. Да не го предадевте во 2013 година, кој знае што ќе се случеше.

И така ти дојде на чело на партијата, другарче. Бранко ти ја даде на тацна. Откако претходно те аболицираше, да не одиш со црно под ноктите. И после ти го замрази него само поради една причина – комплекс на пониска вредност.

Како што напишав еднаш (уште го потпишувам тој текст), Никола Груевски беше најлошото нешто што ѝ се случило на Македонија од 1945 година до денес. „Скопје 2014“ и се е кажано за него. Но, да бидеме коректни, Груевски ќе го паметиме и по даночната реформа која е негово дело, по драматичното подобрување на бизнис-климата во земјата, по странските инвестиции на кои му завидуваше дури и еден Вучиќ, по капитални инвестиции за кои ти можеш само да сонуваш. Се изградија два автопата. И сите знаеме кои се и каде се. А твоите 1.000 километри патишта со кои се фалиш, никој не знае каде се…

Ти си нашиот најголем прекупец во политиката

По што ќе те паметиме тебе, Зоки?

Што изгради ти?

Ништо. Два километри автопат не можеше да изградиш. А ко божем почна…

По која реформа ќе те паметиме?

Нема таква, другарче. Сите твои проекти беа гол популизам. Шарени лаги. Купи-продај политики. Купи евтино, продај поскапо. Ти си нашиот најголем прекупец во политиката. Е тоа, да.

Ќе те паметиме и по начинот на кој дојде на власт. Можеби „бомбите“ беа единствениот начин да се кутне диктаторот Груевски. И купувањето пратеници. Кое ти стана грда навика. Но, нема никаква храброст и мудрост во тој макијавелизам. Само итарпејовска итрина.

И јас и ти знаеме кој ти даде зелено светло да „бомбардираш“. И кого мораше да прашуваш како да постапиш. Додека ти со странците коваше планови како „со пенкало“ да срушиш режим, тие бараа поддршка за твојот потфат, од луѓе на кои им беше доста од Груевски и од бесперспективноста и апатијата. И од мене се бараше таква поддршка, другарче.

За волја на вистината, од мене никој не мораше ништо да бара. Јас бев во приказната долго време пред ти да влезеш во неа. Јас барав да преговараме и да постигнеме компромис со Грците уште во годините кога ти беше шеф на струмичкиот феуд и не ни помислуваше дека еден ден токму ти ќе бидеш човекот кој собрал „храброст“ да го потпише Преспанскиот договор.

Храброст, другарче?

Голем човеку?

Ќе им кажеме ли на луѓево како бидна таа работа?

Полудевте човече, ти застана на тезите на антимакедонизмот!

Баш и не мора. Важно е дека ти од мене и уште од неколкумина доби поддршка за Преспанскиот договор. Толку бевме што те поддржаа без морање. Другите по партиска и по службена должност. Мојата поддршка ја доби веднаш и безусловно, бидејќи бев убеден и останувам убеден дека тоа беше добар договор, за историски пресврт во нашата надворешна политика.

За жал, брзо се покажа дека ти си решил – или можеби и тајно си ветил некому, не знам – новото службено име на нашата земја да го наметнеш во секојдневната употреба. Ти и твоите министри, како папагали, во секоја прилика говоревте и сѐ уште говорите „Северна Македонија“, дури и кога не морате, дури и во контексти кога тоа е неодржливо и смешно.

Се обидовте и медиумите да ги натерате да го употребуваат новото службено име на нашата земја, спротивно на практиката на новинарите насекаде во светот за имињата на својата и на другите земји да користат синоними и кратенки.

Полудевте, човече!

Но, потоа видовме дека тоа е план. Многу валкан план. Во текот на преговорите со Бугарија, ти и твојот специјален претставник Бучковски, кој сега те фали ко џамбаз коњ, јавно се согласивте со тезата дека македонската нација и македонскиот јазик постојат од 1945 година. Ти застана на живковистички позиции, другарче. На тезите на Цола Драгојчева. И на Ванчо Михајлов.

Тоа се тезите и на модерниот антимакедонизам во Македонија, Зоране Заев!

Ти одлучи да тргуваш со она највредното во Преспанскиот договор, имено со гаранциите за македонскиот идентитет – името на народот и името на јазикот. Ти реши да го предадеш, или да го продадеш можеби, нашиот национален идентитет. За нејасен договор со Бугарија, за некаков датум, за почеток на нешто што ќе трае цела една деценија и кој знае како ќе заврши.

А Преспанскиот договор и членството во НАТО можеа да бидат единствените добри нешта по кои ќе те паметат идните генерации. И сега ќе те паметат по нив, немај гајле, ама не сум сигурен дека ќе биде баш по добро.

Ќе те паметиме по Боки, Катица, Кичеец, Ден Дончев, Рашко – твоите вистински другарчиња

Твојата ролја во македонската историја нема да ја напишат забрчанците и шајшутките од шарената револуција, што ти ги направи советници и пропагандисти, во медиумите и на социјалните мрежи.

Нема да ја напишат Фрчкоски и Тричковски. Ниту Сашевци и „цивиливе“. А богами ни бардовите од рекетарската телевизија, што беше твоја гордост.

А сум ти кажал сто пати со нив тикви да не садиш…

Историјата за тебе ќе ја пишуваат некои нови момци и девојки, Зоране Заев. Со студени глави и со остри пера. А не лигави другарки и другарчиња.

Ако ме прашаат, ќе мора да им ја кажам вистината. Дека јас, за жал, нема да те паметам по добро. Иако, за волја на вистината, почнавме добро. Заедно марширавме против режимот. Јас лопати лајна сум изел за нема правда нема мир, за реформи, за европски вредности. Додека ти се терал своја агенда, со некои други другарчиња, зад грбот наш…

Ќе те паметам по корупциските афери, другарче. Најмногу по „Рекет“. По тој прв голем политички земјотрес што смртно ги оштети темелите на твојата феудална кула. Потрес од кој никогаш не се опорави, бидејќи сакаше да ги заштитиш актерите на тој скандал.

Ќе те паметам по Катица и по Боки. Сте биле г’з и гаќи, а после ги нарекувавте педер и прасица. Не ти е срам?

И по Кичеец ќе те паметам.

И по благајникот Ден Дончев, кој избега во Австралија.

И по Рашко Тендерашко…

Ми требаше долго време да сфатам дека тие биле твоите вистински другарчиња, Зоране Заев!

Самиот ги мобилизираше гласачите што те поразија!

И да не должам.

Сево ова што го надробив овде ќе беше само безначајно ломотење на едно старо дртало и злопамтило, каков што ме прикажува твојата пропаганда, да собереше ти малку ум и сила и да сфатеше дека една работа никако не смееш да правиш – не смееш да го делиш народот!

А ти го стори токму обратното. Нѐ подели на добри и лоши. На проевропски и антиевропски. На прогресивни и назадни. На миени и немиени. Нормално, добрите бевте ти и твоите, а лошите сите други – вмровците, бранковистите, критичарите, пркосниците и сите други бунтовници со и без причина.

Да биде уште пострашно, твојата идеја за обединување беше чудовишна. Да се обединиме откако прво доброто ќе го порази злото, откако злото всушност ќе престане да постои, или ќе се покае, па ќе се „покрсти“ и ќе стане скоро добро.

Каков лудачки, фашистички концепт! Кој те заеба, другарче? Кој ти го продаде тој наратив?

Најмалку 300.000 луѓе што активно гласаа против тебе во сиве овие години и уште најмалку 100.000 што пасивно го сторија истото, се препознаа во твојата поделба, имено како страната осудена на пораз, на прогон и на смрт.

Сфаќаш ли ти дека самиот ги мобилизираше избирачите што те поразија на локалните избори?

Па како можеше да го сториш тоа, човече?!

Зарем така мислеше да победиш?!

Дури и да победеше, што потоа?!

Помисли ли, другарче, дека утре, после три месеци, после три или десет години, ќе треба да продолжиш да живееш во оваа земја, како нормален човек? Помисли ли дека таквите „зли“ луѓе утре ќе ги среќаваш на улица, во кафулињата, на пазар? Дека некој ќе се насмее и ќе ти рече – ела бе, Зоки, ела со злото да испиеш едно кафе, или не ти е згодно сега?

Или планот ти беше да го ставиш ручето на срце, да се насмееш онака блесаво како што само ти умееш и да продолжиш како ништо да не се случило?

Ти беше мојата муза, мојата инспирација, а други те музеа!

Другарче, јас од саботата веќе чувствувам празнина по твоето заминување. После ова писмо, некое време нема да имам инспирација за пишување. Верувал или не, ти беше мојата муза. Мојата најголема инспирација.

И на другине од „океанот на лепотата“ ти им беше муза, ама они мислат дека муза е некој што се музе. И те музеа, другарче. О како те музеа! Сега уште малку ќе ти го помузат и ќе се вртат околу Таче, нему да му го музат.

Вимето, де. Да не се разбереме погрешно. Ко ти за едрото и сидрото, ебате беља.

И така… Научи ли конечно што е убавината на демократијата, другарче?

Ајде, бегај сега!

И не окреќи се, сине!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред! Пред...

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19...