Инаку филмот е биографска драма во режија на Руперт Голд посветена на последните месеци од животот на холивудската икона Џуди Гарланд.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 февруари, 2020 18:41

Ти си хероина и ова е за тебе!- Рене Зелвегер ја посвети наградата на актерката која никогаш не добила Оскар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата холивудска актерка Рене Зелвегер која на вчерашното 92-ро издание на Оскари доби Оскар за улогата на Џуди Гарланд во филмот „Џуди“. Таа оваа статуетка ја посвети токму на иконата која ја играше во филмот.

Рене Катлин Зелвегер (родена 25 април 1969 г.) — американска глумица и продуцент.
Првата голема филмска улога Зелвегер ја добила во хорор продолжението Тексашки масакр со моторна пила: Наредната генерација (1994), а потоа привлекла пошироко внимание во спортската драма Џери Магвајер (1996). За изведбата во комедијата Сестра Бети (2000), таа била наградена со Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија. Таа потоа глумела во романтичната комедија Дневникот на Бриџит Џонс (2001), улога за која добила номинации за Оскар и БАФТА за најдобра глумица. За изведбата во мјузиклот Чикаго (2002), таа по втор пат добила номинација за Оскар за најдобра глумица и по втор пат добила Златен глобус. Таа добила Оскар, БАФТА награда и трет Златен глобус за најдобра споредна глумица за нејзината изведба во епската воена драма Студена планина (2003). Подоцна таа ја повторила улогата на Бриџит Џонс во продолжението Бриџит Џонс: На ивица на разумот (2004), глумела во драмата Пепелашко (2005), и ја толкувала Беатрикс Потер во биографскиот филм Госпоѓица Потер (2006). Откако направила шестгодишна пауза во кариерата, Зелвегер се вратила успешно на филмското платно во 2016 година, играјќи ја повторно улогата на Бриџит Џонс во романтичната комедија Бебето на Бриџит Џонс.

“Изминатите години разговорите и пофалбите посветени на Џуди беа одличен потсетник за тоа колку нè обединуваат нашите херои. Кога ги славиме нашите херои, се сеќаваме кои сме и од каде потекнуваме. И не, Џуди Гарланд не доби Оскар за живот. Но, сигурна сум дека ова е продолжение на нејзиното наследство и индикација дека нејзиното наследство е уникатен пример за вонреден и инклузивен, благороден дух, сето тоа ги надминува уметничките достигнувања на една личност. Џуди Гарланд, вие сте дефинитивно една од хероините кои не обединуваат и дефинираат нас, рече актерката во краткиот говор кој го одржа по примањето на наградата.

Инаку филмот е биографска драма во режија на Руперт Голд посветена на последните месеци од животот на холивудската икона Џуди Гарланд.

Џуди Гарланд (родена како Франсис Ерал Гам; 10 јуни 1922 – 22 јуни 1969) била американска филмска актерка и пејачка. Најпозната била по својата улога како Дороти Гејл во филмот „Волшебникот од Оз“. Американскиот Филмски Институт ја прогласил Џуди Гарланд за осма најголема филмска ѕвезда на сите времиња.

Нејзината ќерка од вториот брак, Лајза Минели, исто така, била успешна актерка, добитничка на „Оскар“ за улогата во филмот „Кабаре“ од 1972 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Воедно тој е и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а моментално е во болница поради воспаление на белите дробови. Тој преку својот Инстаграм профил испрати порака до сите.

Коронавирусот пристигна и во „Ѕвездите на Гранд“-Член на жирито заразен откако бил во Македонија!

Српскиот рокер Давид Ѓорѓе пред неколку дена преку социјалните мрежи потврди дека...

Веќе неколку пати се зборуваше за укинување на летното и зимско сметање на времето. Уште минатата година во рамките на ЕУ се зборуваше за укинување на оваа пракса најдоцна до оваа година.

ВО НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО- Ќе биде ли ова последно менување?

Во недела, односно овој викенд започнува летното сметање на времето. На 29 март во 2 часот...

Поточно, на фотографијата е прикажан лав како шета низ улиците на Москва, а напишано е дека ова е една од мерките преземени од Русија за борба против коронавирусите.

ВАКА ПУТИН ЈА БРАНИ РУСИЈА ОД КОРОНА: Лав се шета низ улиците во Москва- фотографијата ја виде цел свет!

Сајтот за социјални медиуми Твитер шири фотографија на која се тврди дека се од улиците...