Земјотресот бил регистриран ноќеска во 1.18 часот во Албанија а епицентарот на потресот бил 22 километри западно од главниот град Тирана.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 декември, 2019 10:33

Тлото не престанува да се тресе- нов силен земјотрес ја погоди Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нов силен земјотрес со јачина од 4.5 степени според Рихтрер, ја погоди Албанија.

Земјотресот бил регистриран ноќеска во 1.18 часот во Албанија а епицентарот на потресот бил 22 километри западно од главниот град Тирана.

Граѓаните во Албанија цела ноќ немале мир поради серија послаби земјотреси кои го тресеа тлото а беа со јачина oд 3.1 до 3.5 степени. Епицентарот на послабите земјотреси бил во Јадранското море.

Над 50 жртви, уништени 6000 домови, отселување, вознемиреност, страв, се последиците од силниот земјотрес кој го погоди дел од Балканскиот полуостров на 26 ноември годинава со епицентар во близина на Драч Албанија.

Минатиот месец во Албанија загинаа 51 лице, по катастрофалниот земјотрес кој најмногу го погоди аалбанскиот град Драч и околината. Силниот земјотрес кој однесе многу жртви беше со јачина од 6.4 степени  Над илјада лица се повредени и се уште се во болница.

Пред извесно време Рама изјави дека досега се донирани пет милиони евра и повеќе од милион американски долари помош за погодените од земјотресот и вели дека тоа не е последната сума.

Албанскиот премиер истакна дека сите семејства ќе бидат згрижени во хотели а шаторите ќе бидат отстранети.

Но има еден мал проблем со жителите на околните села кои го замолиле премиерот да останат во шаторите за д аможат да се грижат за нивните земјоделски стопанства.

Рама потврди дека досега загинале 49 лица, вклучително и деца,од нив во Драч 25, во Туман 23 и една жртва во Курбин.

Според податоците кои ги објави Рама дури 3.480 луѓе останале без своите домови во округот Тирана а во Драч се регистрирани 701 оштетени објекти, од кои 12 целосно уништени, а 176 оштетени.

Во Тирана, 15 згради се целосно уништени, 239 оштетени и осум згради не се во употреба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Како што пренесуваат белградските медиуми, М.В. (41) е убиен околу 19 часот во пукање кое се случило на Бежаниска коса во Белград. До инцидентот дошло во близина на ОУ „Борислав Пекиќ“.

УБИСТВО КАКО НА ФИЛМ ВО БЕЛГРАД – убиен маж пред жената и децата

Уште една ужасна приказна ни доаѓа од Белград, постојано во Србија се случуваат инциденти,...

20-годишната  Моника К. од околината на Ниш, девојчето кое во заробеништво 10 дена ја чуваше Нинослав Јовановиќ познат како Малчански бербер, пуштена е денеска од Детската клиника во нишкиот Клинички Центар на домашно лекување.

„Мојата ќерка е лавица“ – Моника која беше киднапирана од Малчанскиот бербер

 Сведоштвото на мајката на девојчето кое беше киднапирано од Нинослав Јованвиќ за...

Вучиќ вели дека загадувањето и загадениот воздух се користат за политички цели и дека се прави голема фама без потреба.

Вучиќ за загадениот воздух: Се работи за хистерија, синот го шетам надвор најнормално, не претерувајте

Српскиот претседател Александар Вучиќ беше гостин во утринската програма каде имаше...