Музиката ја потпишуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров. Текстот е на Коста Петров и неговата сопруга Сања Поповска, а во спотот се појавува и нивната ќерка Бела.

Објавил: Сара Фемина | 8 март, 2019 21:09

Тодевска ја претстави песната за Евровизија „Proud“ (Горда) заедно со ќерката и сестрата во спотот

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Тамара Тодевска ја објави песната со која ќе нè претставува на Евровизија. Во Тел Авив, Тодевска ќе настапи со песната „Proud“ (Горда).

Тамара пред неколку недели објави статус на социјалните мрежи, во која наведе дека оваа песна ќе ја пее за нејзината ќерка Хана, бидејќи посакува нејзините деца да можат да живеат во свет без наметнати правила за жените.

Денеска на 8 ми Март таа ја претстави песната за Евровизија.

Тамара Тодевска на сцената заедно со нејзината ќерка, која исто така ја има во спотот со кој што ќе не претставува на Евровизија во Израел.

Во спотот ја гледаме нејзината ќерка, сестра, ракометарката Адријана Будимир, актерки, писателки и други познати фаци од јавниот живот.
Музиката ја потпишуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров. Текстот е на Коста Петров и неговата сопруга Сања Поповска, а во спотот се појавува и нивната ќерка Бела.

На прашањето зошто избрала да пее на англиски јазик, Тамара одговори: „Многу повеќе ќе нè разберат тоа што имаме да кажеме. Мислам дека имаме светска песна.“
„Ова е приказна е за секоја жена, приказна за секоја мајка, приказна за секоја баба“ – рече Тамара по премиерното прикажување на спотот.

Тодевска во 1991 за прв пат на само шест години настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеачки и сестри Маријана и Росана. После долго време во 1997 год заедно со сестра и Тијана го земаат второто место на “Скопскиот фестивал” со песната “Луда игра”. Во 2001 год Тамара ја започнува својата соло кариера со синглот „Дали знам” дело на Роберт Билбилов подржан од тогaш познатиот бенд Мак Џинс.
Со истата настапува на фестивалот “Сунчане Скале” во Херцег Нови во 2002 и освојува трето место.

По Дали знам во 2002 година следува уште еден сингл Месечар. Истата година ги собира сите награди како дебитант на годината. Заедно со нејзината мајка Бранка на “Охрид фест” ја освојуваат третата награда со песната Кога би можел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Во јуни 2000 година, Оливер стана заштитно лице на британскиот синџир на супермаркети Сеинсберис, со кои потпишал договор вреден 2 милиони долари годишно.

Светскиот познат готвач Џејми Оливер прогласи БАНКРОТ !

Познатиот готвач Џејми Оливер затвори 22 од 25 ресторани, при што 1.000 луѓе останаа без...

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пристигна меѓу првите гости со сопругата, а за брзо пристигна и министерот за администрација Дамјан Манчевски

Зорица Заева и Радмила најглавни ВИП гости на свадбата на пратеникот Милевски!

Речиси целата влада присуствуваше на свадбата на пратеникот Горан Милевски од Битола....

Членовите на исландската група држеа палестински знамиња во моментот кога се појавија на екраните, додека водителите ги читаа бодовите што ги добиле од гласовите на публиката.

ПРОТЕСТЕН ГЕСТ: ИСЛАНЃАНИТЕ СО ПАЛЕСТИНСКИ ЗНАМИЊА НА ЕВРОВИЗИЈА!

Исландската група Хатари вечерва ги дочека гласовите на публиката во финалето на Евровизија...