Тодоров смета дека со ВМРО - ДПМНЕ владее структура на УДБА, иста онаа која го постави за министер, Јанчев пак смета дека требало да го пофалат а не да го споредат со Мијалков

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 14:32

Тодоров го исклучила УДБА, Јанчев е само навреден, очекувал пофалби

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По синоќешните одлуки на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ за исклучување на партиски функционери кои работеле против интересите на партијата и вршеле политички прогон врз пратениците за да ги поддржат уставните измени, се огласија и Тодоров и Јанчев.

За поранешниот министер за сите влади на Никола Груевски, Никола Тодоров, одлуката на Централниот комитет е одлука на УДБА.

Тодоров на социјалните мрежи напиша:

Ме исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во Анти-западна, Анти – ЕУ и Анти-НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси.

Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам. Затоа, сакам да им се заблагодарам што со овој чекор ме спасија од срамот да бидам дел од нивната секташка фракција.

Скоро во исто време на социјалните мрежи се огласи и поранешниот потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ, Митко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци кој пак побара извинување за навредите што Николоски го споредил дека ортачел рамо до рамо со Мијалков и побара Мицкоски да го пофали за сработеното.

Јанчев на социјалните мрежи напиша:

Како претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија му доликува разрешувањето од функцијата потпретседател да го води крајно професионално па дури и да упати благодарност до мене за моите досегашни вложувања во партијата, но уште поважно да ја почитува функцијата Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО – ДПМНЕ која од досега сработеното носи само успех најмногу за Општина Кавадарци, но и за ВМРО – ДПМНЕ.

Напротив, на вчерашната прес – конференција од Александар Николовски кон мене беа упатени ниски и агресивни обвинувања за закани, поткуп и криминал, рамо до рамо со Сашо Мијалков.

Поради ваквите неосновани и крајно непрофесионални навреди од страна на Христијан Мицкоски и Александар Николовски кои се обидуваат да го нарушат мојот авторитет, барам јавно извинување и од Христијан Мицкоски и од Александар Николовски. Во спротивно, кон нив двајцата ќе поднесам приватни тужби за клевета и навреда на мојата личност.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството...

Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник,...

Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите...

Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува...